Здраво на сите.Најпрво, доколку постои слична тема слободно избришете ја, се обидов да најдам соодветна тема за дискусијава и прашањево но не најдов... Ме интересираат мислења од машки, бидејќи мислам дека го знам мислењето на женскиот пол во однос на темава и темава ја отворив за да добијам конкретно машки коментари бидејќи ме интересира што се случува во нивните глави.За мене како женско знам...Сепак, слободно секој нека си каже мислење,без напаѓања молам...Ме интересира повеќе за машките зошто мислам дека тие повеќе покажуваат сексуална привлечност и желба и поголем впечаток ми оставиле..А секако и по муабети со пријатели и колеги ми се имаат создадено различни мислења па сакам да видам тука луѓе што не ги познавам како размислуваат... Дали едно МАШКО, дечко, сопруг, партнер, може да биде заљубен до тој степен да воопшто не забележува и гледа други припаднички на нежниот пол.Конкретно зборувам за физички изглед.Односно да ги гледа само како фигури без да создаде било какво мислење за нивниот физички изглед и очи и памет и се да има само за својата сакана?Таа да е најпривлечна во неговите очи и само таа да го привлекува и пали?Исто така дали постои партнер МАШКИ што е задоволен само од интимноста со својата партнерка и воопшто не гледа порно и не го возбудува гледање и мислење на тоа?И му се дига само на својата партнерка?Знам дека ова е екстремно и делува како фантазија ама ме интересира дали постои барем еден заљубен до тој степен на светов?Постојано забележувам и анализирам однесување на мажи..Сопрузи,дечковци кои имаат прекрасни партнерки а се однесуваат како животни, се вртат по се живо и диво, и во присуство на и без присуство на партнерката.Се диват на други ,посакуваат други ,фантазираат за други,изневеруваат и емоционално и физички.Си праќаат фотографии од жени ,зависни се од порно иако девојките се им овозможуваат...Поготово сега и со социјални мрежи каде секоја втора слика е од полу голи девојки а и рекламите исто и постојано се изложени на тоа...Од друга страна имам пријатели кои со своите партнерки се однесуваат како тие да се единствените на овој свет.Не гледаат наоколу,не гледаат порно, не коментираат други.Барем така зборуваат за своите девојки а и на нив тоа им го кажуваат.Имам примери во друштво.А имам и другарки што веруваат во тоа и сакаат да е така односно нивниот дечко да ги гледа само нив и најдобриот газ да помине он да не го забележи а во случај да го забележи да не помисли ништоИ уште почудно е што нивните дечковци тоа и го тврдат дека е така.Ме интересира дали овие од вториов пример навистина постојат и за нив постои само нивната партнерка за било што или и тие глумат?И не осудувам иако често стапувам во конфликт на темава зошто се соочувам со секакви коментари...Очи се за гледање.Мое мислење е дека машко како машко ќе погледне некоја ќе си рече згодна е убава е и може да не го привлече во смисла да сака нешто со нејзе физички,туку се задржува само на мислата добра е...Па затоа ме интересира овие што наводно ни едно друго женско освен нивната не ја гледаат како привлечна, лажат... или може и денес да се најде таква љубов и заслепеност..?
Пред се би кажал дека главна улога има околината во која си израснат,поточно јас сум израснат во атмосфера каде што цела фамилија се верни,односно знам дека моите не се изневериле,немале распад на брак.Имале нејаснотии,но се трудат за се.Баба ми исто така иако е без маж,починат е дедо ми,после толку години не барала друг.Никогаш не спомнала за некого пред мене и секогаш го зборува покојниот дедо.Дури само чисти,пере,готви ,не излегува да запознава некого,а најинтересно е што има факултет,писмена е на ниво.Некако и тоа е преносливо,можеби генетски и после се пренесува преку околината,да не вараме и да не гледаме по други жени не знам.