Девојки ве молам за помош Имам голем проблем. Осмо одделение сум и сега сите мои другарки имаат партнери за полуматурската. Само јас и уште две девојчиња немаме. Но за нив тоа е лесна работа тие си високи, слаби и убави. Се нервирам бидејки тие само за полуматурската зборуваат а јас само стојам така и ги слушам. Јас сум дебело, ниско девојче и незнам дали и ќе имам партнер. Останав самаа Ве молам кажете ми нешто и помогнете ми некако. Немам на кого да ги кажам моите проблеми. Имам мала сестра 2 години и мајка ми цел ден е зафатена со работата а потоа и со неа. Немам многу доверба во другарките па затоа на вас ви кажувам и се надевам дака ќе ми помогнете
Итноооооооооооооооооо Само септември е. Има време до полуматура. И не се потресувај, нема да останеш сама. И да не најдеш партнер, big deal. Во мое време (се чувствувам како баба, а беше скоро), не ни текнуваше на партнер за полуматура, чак што више ја немав ни за матура). Фати книга, направи си ги сите 5ки и размисли во кое средно ќе се запишеш. Партнер бе...
Итноооооооооооооооооо А прашај ме мене како ми беше кога за матура бевме 30 девојчиња и само 5 машки Спојлер Леле бре со што се занимавате од почеток на школска година . Вие двете што немате партнер одете си заедно
Итноооооооооооооооооо Не се секирај, јас бев дебелко, височко, крупничко, плус имав мустаќи избелени со хидроген и си најдов дебеличок, височок партнер без мустаќи! За сите има надеж, за сите! А за матура иста ситуација како кај Славица, изборот не беше баш... апилинг, да речеме, и си отидов сама.
Итноооооооооооооооооо Не се секирајј воопшто, па не си сама еве и другарка ти нема така де двете ке си бидете партнерки .Кога сите ке влезат по 2 и вие ке влезете.Не се замарај и јас немав партнер ни во основно ни во средно.
Итноооооооооооооооооо Колку што прочитам вкупно се три деојчиња што немаат партнер- таа и уште две други девојчиња. А инаку нема потреба да се нарвираш за тоа дали ќе имаш партнер или не, обиди се да најдеш некој од другите одделенија кои немаат партнерка, инаку јас сега сум прва година средно па што да кажам 23 сме женски, а машки се само 8 и кога ќе треба во четврта година да правиме матура што ќе правиме зарем ќе се нервираме и секираме.
Итноооооооооооооооооо Ама сакав да бидам полуматурантка и да мислев кој ќе ми биде партнер и дали ќе имам. Само септември е. Само што почнавте. До крајот на годината многу работи моќат да се сменат, па можеби и ти нема да бидеш веќе само дебело, ниско девојче. И јас сум ниска, и не сум најслабата личност па не му се секирам толку. Не си набивај комплекси, опушти си се. Сигурно имаш некој другар од генерација, баш другар кој можиш во секое време да го замолиш да ти биде партнер, а ако не, па и да бидиш без партнер, нема да бидеш сама во тоа верувај. Ќе има уште мн девојчиња без партнер, а и тие што се сигурни дека имаат, верувај ќе има неколку од нив шо ќе останат без партнер на крајот. Многу работи ќе се сменат до крајот. Загреј си го столот и нека ти е успешна годината
Итноооооооооооооооооо Не се оптеретувај со тоа, има многу поважни работи за кои треба да размислуваш. На пример кое средно ќе го избереш. Како прво уште е рано, имаш уште 8-9 месеци до полуматурата, можеби некој за тоа време ќе ти предложи да биде твој партнер. А како второ, па и не е толку трагично да одиш на полуматура без партнер. Тоа е една најобична вечер, треба да гледаш убаво да си поминеш а верувај ми партнерот не е пресуден фактор за тоа.
Итноооооооооооооооооо Јас немав партнер за полуматура, а не знам ни што ќе ти е партнер, зошто полуматурата не е ништо... само кај нас ја преовеличуваат работат демек ајде ако има матура и полуматура требало... ами како . Ако ти е веќе толку за да имаш партнер, прашај некој твој другар, од друг клас можеби. И има време само што почна учебната година... до Јуни ехеее можеби ќе се испокараат сите и сите без партнери ќе одат. Само ви се брза значи ццц...
Итноооооооооооооооооо Арно вели Marchesa Камо мојте проблеми да беа вакви Јас немав партнер ни за полуматура, го најдов другар ми на врата го грабнав аи ај влеговме и се сликавме , на матура нити имав нити ништо, се сликав со тие шо беа пред мене зад мене, и многу не бев заинтересирана околу то. Не се нервирај полуматурата и матурата се најголемите срања шо можи да постојат, само за џабе летнати пари
ќе пробам малку да го намалам јадењето посебно јадењата од кои се дебелееме па се надевам ќе има некаква разлика и можеби ќе најдам полесно партнер Особено ваква разлика сакам download/file.php?mode=view&id=86009
Ох, душички тие, за што се нервираат. Немој со тоа “ниска сум и дебела“, тоа нема врска. Плус имаш време до април-мај таму, исфрли благо и непотребни грицки, не пиј газирано и за час ќе намалиш, мала си, брзо иде тоа. А, верувам и дека е непотребен комплекс. Знаејќи се себеси на тие години, секогаш нешто ми фалеше, а всушност сега гледам колку било без врска. Партнер? За полуматура? Мех, нас ни беше срам за рачиња да се фатиме кога не редеа по двајца, не пак партнери да бираме за полуматура. Не дека сум Киро Глигоров калибар, па да велам „Еее, и тогаш, у мое време, ми рече Лазар: Партнер - не“, ама вие напредни бе со партнериве. Ние ни за матура немавме бре партнери. Гревови! Од 36 души, само 7 машки имаше и настана покољ меѓу женскиве, со по 3 партнерки пустите одеа момциве. Грдна пара истрошија на госпоџициве. Се собравме ние “остатоците“ и заедно си појдовме. Заврна, па навлеговме внатре ко стадо кози, ни се знаеше влегување со партнер, ни ништо. Внатре се сликавме кој со кого стигна, па ако идеме според тоа, сите имавме по 10 партнери минимум. Уживај тука.
Рано е ќе си најдеш и ти партнер. Кај нас за полуматура никој немаше партнер бидејќи и никој никогу не повика. Изгледа ние заостанати сме биле... Убаво ти кажале мисли сега на оцениките, на успехот до прославата има уште многу... За матурата јас си најдов партнер пред влегување... Со тој што требаше да ми биде партнер се скарав и ме фати инат па не влегов со него. Фино го грабнав другар ми пред врата и влеговме заедно. Овој беше нешто повлечен тип па бидејќи бевме малку девојки во генерацијата не се обидел да си најде партнерка. И да, на прославата се смирив со бившиот партнер и си имав двајца... Бтв што е битно кој со когу ќе влезе? Важно е таа вечер да си поминете убаво и да ви остане едно убаво сеќавање бидејќи после секој свој пат ќе фати па тешко некогаш пак да се соберете...
Со што си ги заморувате главчињата ехх, да убаво ќе беше сите да имавме вакви проблеми Ќе се смееш за ''големиот проблем'' кога ќе пораснеш Последна година ти е во основно! Не мисли на небитни работи, забавувај се и учи. Ако вака размислуваш што ќе правиш ако и на матура немаш партнер? Во депреција ќе запаѓаш? голема работа.
Де бре, само што почна година, а за партнери мислите. До јуни уште којзнае што ќе се смени, па и големото чудо ако немаш партнер.Кај нас најубаво беше, секој си стига сам, ни партнери, ни трошоци ни бутур. А и онака едни терсене машки што имавме, нејќеа ни да слушнат за партнерка.
Јас не ни знаев дека имам партнер за полуматура бидејќи не се замарав со тоа, а уште почудно беше шо дотичните госпожи веќе ми го одредиле. Се викаше Зоран. Имаше петка математика и имаше морбидно презиме до месечината и назад. У секој случај, сега ко ќе се сетам, поголема глупост од полуматура немало на веков. Тек ми следи матура, ама и за тоа ќе мислам така еден ден. Партнер, абе ајде. Ние сега сме у клас само 4 девојчиња. Останатите 20 се машки. Ќе си го фатам цимер ми под рака и ајт на матура. Абе немојте да се тресете. Дебела сум била,ваква, онаква. За партнери за матура и полуматура, за шљакање со пудри на табло за од дома да не ве познаат на сликата од шо сте убави..за такви работи се замараат луѓе шо се ептен презафатени со себе и мислат дека тоа им е најголемо достигнување у животоф. Очигледно и на тоа ќе останат. Глеј си школото.
Не се нарвирај Ana122. И јас бев исто како тебе дебела само висока. Јас пред две години правев полуматура и немав партнер и кога влеваме во хотелот јас влегов со едно девојче од мојот клас. Кај нас во нашиот клас пола беа без партнери/ки па што. Не се замарај уште сега ако најдеш партнер арно ако не ништо е не е тоа страшно без партнер.