Душо,знам како ти е. Несакаш партнер за полуматура,колку што те нервира кога ти го плескаат дотичните госпоџици во лице: ,,Леле ти сеуште не најде партнер?,, и сега за нивни инат,сакаш да имаш партнер. Во мојот клас скоро сите имаа партнери,само јас бев останата и уште едно девојче.Па така фино лепо му реков на другар ми,уствари јас не му ни реков туку другарка ми го праша за да ми биде партнер. На крај крајот,па и немора некој од твојот клас да ти биде партнер,може некој и од другите класови. Сега за сега не се секирај,има време до јуни моментално посвети си се на учењето и со ништо друго не се замарај.
Ај баш си миличка по постов Девојче, прво убаво што пре би си се исповедала на форумов, отколку на другарките, бидејки во тие години највеќе се злоупотребува довербата и тајните помеѓу пријателите, и затоа некои работи кои можат да те повредат и навредат, не им ги споделувај (според мое искуство). Што се однесува до твојот налиии „проблем“ кој на многу симпатичен и мил начин си го напишала, морам да кажам дека незнам од каде е оваа мода на партнери во 8мо, па цветови, зимање и сите салтанати.. Јас бев полуматуранка пред 8 години и си имав дома прослава со најблиските, и младите ме однесоа со кола до пред диското и тоа беше се. Таму се чекавме, 2-3 слики како за спомен групни и влеговме. Изденсавме до 00ч, и по дома Сите исти во се, сите заедно,нормално дека по балетанки и повеќето на патичиња од девојките, ништо посебно, додека сега гледам фешти брате, трубачи, кетеринзи, 12ки штикли Ауу нее, се во свое време... И покрај моево искуство, те разбирам, тој е теркот што го терате сегашниве генерации, ваков или онаков за постарите од страна, и прво ќе те советувам да се опуштиш, да не се опседнуваш со тоа, уживај си во 8то одделение. Искрено, јас никогаш не би прашала некој за да ми биде партнер бидејќи не гледам некоја посебна важност и убавина во тој чин со зимања и китење, и во средно кога имав партнер, имав понуда од 2ца, а и да небеа тие, бев договорена со другарка дека сами како најјаки ќе си одиме ( и верувај имаше многу другарки по 2 или 3 заедно, се зезаа партнери дека се, и баш си беа опуштени и искулирани), ама во февруари паднаа понудите и така искочи да одберам еден, што значи уште не е јуни и денот на полуматурата па да се нервираш. Уште од сега договарања се безвезе, кога до јуни има речиси година, и никој не може да гарантира кој со кој ќе остане во другарски однос, може ќе се скараат и сл, карикирам. Се расприкажав на дугачко и широко, и еве со 3 последни реценици-совети ќе финиширам. Остави на времето, може до тогаш ќе падне некој договор, може ако имаш близок другар да се договорите и заедно да одите, а ако ништо не испадне, тогаш среди си се и со некоја другарка рака под рака, и без гајле, ништо нема да пропуштиш од овие прерани партнерства и глупости во основно што ги терате. А доколку не си ти лично задоволна со својот изглед од било која причина, тогаш направи некои промени во исхраната или физичката активност, ама само поради себе и твојата самодоверба и никој и ништо друго.
Девојки решив да намалам со јадењето исто така се мислам дали да се запишам на одбојка.На кошарка не ме примаа бидејки сум била многу ниска. Да се запишам ли? Не сум многу сигурна. Идејава за одбојка ја добив од една моја другарка која се запиша пред две години на одбојка... Ве молам помогнете ми со одлуката
Мислиш ако си послаба ќе се затрчаат сите по тебе. Ајде бе не се глупирај, многу сериозно си го сфатила тоа, тоа е ПАРТНЕР, да влезеш заедно со него, да поиграте танго, дрн дрн и толку. Да бев на твое место ќе си гледав за школото и ич немаше да му се секирам. Ако му понудит супер, ако не, океј ахам, ќе си влезам сама. Да не треба една година пред тоа да ти понуди? Па има време... И ако слабееш, слабеј за себе, а не за некој да ти понудит да му бидеш партнерка. Полуматурата е 5-6 часа, влегувањето само 1 мин. а телото ќе биде твое засекогаш.
Ппупуп, ти спотребало партнер..Јас као божем имав, али со него ни едно танго што се вика не изиграв.Значи исто ко да немав Али затоа со сите други се изнаиграв, важно со него не Уживај и без партнер можеш да си поминеш убаво и незаборавно..
Те разбирам..и јас сум сега осмо одд. и скоро половина од девојчињата од мојава генерација имаат партнери.. инаку и јас сум иста (нискичко, дебелко) и јас немам партнер. Но, не е се во убавината (високи нозе, слаби, бла бла) треба да имаш и во душата. Има време до јуни, ако немаме партнери здравје не е се во тоа.
Фeминки пак сум јас! Еве и кај нас почна сезоната за партнери за полуматура..Значи дефинитивно сакам едно дете да ми е партнер, но ме замоли да ја убедам мојава другарка да му биде партнерка јас разговарав со неа и таа рече дека можело. Му објаснив на него што рече таа ама изгледаше како на него да му е сеедно. Ем сака ем не сака. Кажете ми што да правам. Тој во мене има многу доверба. Многу арни другаре сме.
Леле и јас кога ќе се сетам на времето иста бев без партнер ама после дојде најубавиот на мене :geek: Ќе најдеш бе има време..сигурно ќе остане некој без парнерка па ти ќе му бидеш,сега е почеток не се замарај.
^ Извини а што е поважно, да имаш партнер или да си поминеш убаво? Не зе ич замарај за партнер. Тоа недела дена пред ќе си се договорите најарно, вака ќе се испокараат до јуни . Мене уво ме боле за парнер, ќе одам таму да си поминам убаво и крај приче.
Види.... јас имам па што, big deal!! Ќе те земе од дома,ќе се појавите заедно во ресторанот/дискотеката...било каде и да е и после тоа ќе се откачите и поголемиот дел од вечерта сигурно повеќе со другарките/другарите ќе го пројдеш отколку со него.Така да не се секирај,не е најважно на полуматура дали ќе бидеш со партнер или не.Важно е да си поминеш убаво.
Ние полуматура ке праиме на екскурзијата, и сите веке си имаат партнери, веке некој и се испокраа само јас немам, инаку има еден го свиѓам од септември, ама па тој срамежлив е, аа не ми теже факултето, јас ке го питам дали сака да ми биде партнер, а ако нејке чао пријатно јас со девојче ке си бидам ахаха
Јас за полуматура или ќе си имам партнерка или само ќе си одам . Партнерката најверојатно ќе ми биде најверната другарка. Не е проблемот дали имаме машки кога во клас сме 11 женски 13 машки. Туку немаме партнери па затоа двете заедно ! ЕДНИСТВЕНИ ЌЕ БИДЕМЕ? Некој да не бил предходно вака?
^ Не си единствена, во слична ситуација сум и јас јас имам уште година ипол до полуматура па уште од сега знам дека ќе одам сама (пошо сите високи си имаат партнерка уште од сега, па за мене нема ) Спојлер за плачење е ова бе
Јас пак не сакам партнер...незнам ете сето тоа зимање од дома,па поклони купување абе како матурска да е. .Шо сме завршиле?-Осмо!..Нели сепак оваа е само мислење...а и плус мене ако ми рече некој веројатно ќе одбијам оти не веруам дека има така некој повисок одмене( а и тие шо се тука со висината,може и малце повисоки се зафатени) така да...со другарките ќе си седам..А знам и др девојќина,шо се по кул а нема да имат партнери..
И јас спаѓам во групата без партнери! Да, рано е уште ама знам дека никој нема да ми понуди партнерство, бидејки и онака не се дружам многу со машките освен 2-3 од нашето одделение кои најверојатно ќе им понудат на другите И така машкиве од нашето одделение се малку срамежливи па најверојатно повеќето девојчиња ќе бидеме без партнери, со партнерки! Секако дека би сакала да имам партнер, ама и да немам није битно
Јас партнер за полуматура не сакам. Ништо чудно да ми понуди некој,ама не сакам. Мислиш факултет сме завршиле,а тоа е само основно образование. Партнерка ќе ми биде најдобрата другарка.
Девојки,да ви кажам само да не се замарате и оптеретувате многу со тоа дали ќе имате партнер или не.Јас минатата година немав партнер до последниот момент.Кога дојде вечерта за славење се најдовме со еден школски колку за една слика ,после тоа секој на своја страна.Никој не се замараше со партнери/партнерки.Важно беше дека си поминав убаво .