Јас за полуматура немав партнер па жива останав Океј, ние ја правевме во друг град и немаше луѓе кои не гледаат од страна, па си влегов со една другарка. Нема ништо лошо ни во тоа. И машки со другари влегуваат, па што? Не е трагично. Но ете ако баш сакате партнер да имате, не мора да чекате да ве праша некој, вие прашајте и решен проблем.
И така ви велам. Јас го прашав симпатијата дали има партнерка и ми рече дека има. Ајм соу хрт Изгледа без партнер ќе одам.
Јас за матура уште немам партнер, што прости другари имам што нејќат партнерки.Додуше колку што се знам веројатно и ќе си закаснам на матурата, на пола ќе влезам.
Генерација си ми ама не те разбирм. Кај нас има еуфорија за полуматура ама не и за партнерство. Повеќето девојчиња и несакаат партнер. Јас не би прифатила руг освен симпатијата ама тоа нема да се случи така што нема ни да се замарам. Ние преферираме да се забавуваме и да создаваме незаборавни моменти бидејќи последна година ни е а од следната секој на своја страна. А многу сме приврзани. Како и да, не се замарај за партнер, а помалку за изгледот.
Сосем небитно, ама си најдов партнер.. Со другар ми си се договоривме.. Супер, барем тоа ми се тргна од глава..
Сакам да ве прашам зашто се избира и дали ако сте пријатели другари би можеле после таа ноќ да бидете дечко и девојка дали таа вечер може да промени нешто атмосферата , и дали ви успеало да направите врска од матурска вечер за понатакада бидете вистински пар , Во превод дали останува само на другарство или се менува нешто колку толку , дека мислам и да се избира така партнер пак треба да ти се допаѓа барем малце ако не друго само ве молам искрено без вреѓанја сто носи таа ноќ
Тебе изгледа ти се допаѓа некое момче па сакаш да ти биде партнер за матура и после тоа да останеш со него во врска. Но, тоа е индивидуално таа ноќ носи голем број пијанства, глупости и неколку мувања. Да не ме сфатиш погрешно за да прерасне во врска треба да сакаат и двете страни, но знаеш како иде после матура секој свој пат си фаќа. Неможеш да знаеш што се носи таа ноќ, кај секого е различно искуството. Ако сакаш да го задржиш другарството со партнерот кој си го одбрала а и ти се допаѓа и сакаш повеќе од тоа треба да го дознаеш негово размислување и како тој реагира на тоа. Можеш да му поставиш тест прашања и да разговараш со него. Јас вака те сфатив.
И за полуматура и за матура немав партнер, туку дете кој до некој чуден степен беше мој пријател (сакам да кажам не ми беше близок пријател, зошто ако се сликав со близок пријател ... немаше да се софпадниме добро на сликата .... висината) само за сликање и толку. Дали во мојата генерација имаше некои кај кои паднало нешто вечерта - не. Мислам сем некои кои беа парови, другите беа стрикно пријатели за партнери, а пошто во моето средно доминиравме девојките, секој си имаше по најмалку 3 партнерки.
Што се прави со партнерот за матура? Тоа на рака што го закачуваат лентичките, каков поклон се дава, што се прави после? Ве молам кажете ми итно е..
Јас за полуматурата партнер си најдов во последни 2 минути и тоа цела глава понизок од мене така да полуматурата си ја понинав на балетанки и се изнаиграв искрено сите имаа штикла само јас и 2 девојчиња со балетанки бевме , и соте ни велеа ауу па како вие со балетанки не знаете зар на штикла да одите ама кој ги шишал За матурата партнер требаше да ми биде еден школски со кој се имавме договорено од прва година да ми биде партнер ама јас го зезнав човекот , се омажив па логично партнер ми беше мм среќа во другиот клас беа вишок девојчиња па се снајде