На темава може да пишуваме мислења за парфемите и спрејовите за тело на Лаш. Дали го имате пробано Карма парфемот ? Дали општо се трајни парфемите? Од парфемите немам пробано досега , ама би сакала Карма да го пробам. Од спрејовите за тело го имам Snow fairy и сум презадоволна , не е многу траен мирисот ама мириса на шеќерна волна , слатки..
Прв парфем ми е Breath of God. Дечко ми отишол до Лаш, прашал кој парфем е најубав и му го предложиле тој. Сега ми е еден од омилените. Го имам во цврста форма (soild perfume) и најинтересно ми е тоа што треба да се нанесе на кожа за да се ослободи мирисот бидејќи во тегличето не мириса на ништо. Многу уникатен мирис, не можам да го поврзам со ништо што досега сум помирисала. Трае околу 40 минути, потоа пак треба да се нанесе на кожа. Го имам и спрејот за тело Twilight. Го напрскав на постелнината и се чувствував дека се наоѓам на поле со лаванда. Смирувачки сладок мирис, иако ја нема таа горчлива нота на лаванда. Трае околу 4-5 часа и доволни се 2-3 прскања за да се угушиш од него.
Таман реков да направам тема за мирисите на Lush, гледам имало и тоа јас сум ја направила Ќе пишам пак подетално кои ги имам испробано American cream парфемот - убаво мириса на јагода и ванила заедно ама не ми е траен. Lust - по втор пат го купувам, убав цветен мирис, многу траен , мириса на 100% јасмин , само треба,да се внимава да не се прска на светла облека зошто остава некоја црвенкаста боја Vanillary - тежок мирис, не го користам често, за зимно време е одличен мириса на чиста ванила Кога сме кај спрејовите, ме имаат изненадено пријатно, се знае Let the good times roll е мирисот за кој имам добиено најмногу комплименти во животов кога се,работи за мирис ќе го купувам засекогаш. Мириса на карамел, путер, печено благо , мириса со саати ако прснеш на облека и со денови се додека не ја испереш. Twilight- мириса на ванила и лаванда, убаво мириса само ќе сакав да е потраен. Нареден пат сакам да го земам Avocado co wash, го пробав на тестер мириса на портокал, лајм, овошно свежо. Исти е ептен траен , премногу ми се допадна. Баш би сакала да се активира темава
Распродаден е Let The Good Times Roll а баш сакав да го пробам!! Лошо е што во нашиот Лаш не ни ги има сите варијанти на спрејови што ги има во странство, тоа не кочи. Исто и со Зара некои работи и други брендови. Барем онлајн да имаше можност да се нарача, не мора да имаат изложено.
Се согласувам. Ќе го добијат, тој спреј им се троши најчесто Гледам во грчкото Lush има некои нови спрејови меѓу кои Sticky dates. Една членка тука што го купи ми кажа дека не е нешто посебно траен, ама мене ептен ме копка да го пробам. здравје да го потрошам Twilight па ќе го земам овој
Исто!! Секаде ми излегува Sticky Dates!! Да имав пари буквално сите ќе ги нарачав. А и не ми текнало кога патувам во странство да купам зашто ме мрзи да ги мкнам назад до дома. Патем, Twilight и јас ќе го купувам викендов, ако имаат во Ист Гејт. Многу пофалби имам слушнато.
Лелееее, тоа значи дека и кај нас можеби ќе ги донесат? Барем Стики да го има. Другите глеам праска, лимон, грозје, овие сигурно ништо посебно не се, не ни очекувам трајни да се ама Стики стварно мирисот совршенство. После LTGTR овој ми е на второ место. Ако ги пробуваш тие новите овошните баш сподели какви се.
Стики дејтс наредно ќе го пробам. Јас за цела линија Стики дејтс прочитав на тик ток дека нема да е лимитидирана едиција. Така да супер. Ти го проба тој спреј, траен е? А тие со овошје не ме привлекуваат нешто посебно, може единствено тој со праска некогаш да го пробам.
Не. Мирисот само што го знам од лосионот. Нели би требало да е ист. Вака како мирис многу ми се допадна и дека благ е, затоа викам на второ место ќе ми е. Којзнае дали ќе се покаже како траен. Мислам дека штом е од тие благите мириси, би требало. Во глобала ко потрајни да се, за разлика од свежите, цитрусните, цветните и сл. Мое мислење ова е општо за мирисите. Стики стварно јак мирис е, знаеш, на кафе, урми и карамела. Се надевам дека мнооогу потраен ќе е од лосионот. Сигурно е така. Хани спрејот има блажина но и цитрусно се осеќа, мене и тој ми има солидна трајност. Посебно преубаво облеката мириса, баш пријатно. LTGTR несомнено најтраен ќе да е од сите. Не верувам да постои спреј за тело со подобра трајност.
Да Стики дејтс лосионот го имам. Ако мириса баш така супер ама @piglet1 го има и баш пиша дека не е многу траен како Let the good times roll и сега се мислам дали да му дадам шанса или пак другиов да си го земам
Не е толку траен мислам јас, ама мене ми мириса далеку поубаво од Let the good times roll. Дај му шанса, види како ќе ти се допадне тебе.
LTGTR, дали го донесоа во Мк? Јас уште го чекам и кај мене во Гр абер нема. Се мислев за Lord of misrule ама ако го начекам до декември вп Мк кога ќе дојдам да го мириснам прво, па ако ми се допадне ќе го земам. Дека имам уште од Vanillary парфемот, па не би сакала уште еден ванилест мирис Некоја во последно време да го пробала The greeench дезодорансот? Се мислам да го земам него. Јас го имав во 2018 година тогаш почнав да го користам ама некако не можев да се навикнам на ваков тип дезодоранс, ама сега би му дала шанса повторно.
Им пишав маил ми рекоа 30-31ви Авокадо спрејот го чекам утре, Роуз Џем и уште ЛТГР. И стварно не знам што ќе правам со толку спрееви и парфеми по дома
@wannaBeMomma за Rose jam ќе кажеш чиста зараза се нема што Јас им пишав на mаil кога ќе го донесат повторно кај мене во Гр , ќе видам денес што ќе ми одговорат.
Тој ми е од претходната нарачка. Јак е многу, на прво прскање е чист мирис на ружа а после преоѓа во слатко нешто, баш како џем и не толку јасен мирис на ружа. Мене ми е скоро идентичен со парфем од Зара што го имав ( Роуз Гурманд) кој што е копија на Монтал мислам Денес Авокадо ко вош стига само
Интересно, тој го немам мириснато Авокадо ко вош е супер , свеж мирис. И ептен траен. Тој ќе го земам здравје напролет , сега сакам потешки благи мириси Јас се надевав дека ќе го донесат и кај нас Yog nog , тој многу сакав да го земам ама ништо. Ми одговорија- наскоро ќе го донесат ама не се знае кога точно. Ништо, ќе си почекам. Мене ме интересира дали Lord of misrule е сличен на Vanillary? Некој да ги споредил вака? Ме копка да го пробам , значи сакам да е траен како прво ама да не е сличен на Vanillary, зошто од него имам уште. Овој Ванилари мириса на ванила чиста Едит - Го порачав Lord of misrule, па ќе пишам за мислење го порачав Fairy dust ќе го користам како сув шампон и ќе го пробам како дезодоранс. И порачав шампон ама за ќерка ми Fairly traded honey