Немаме ист вкус, а ни ист нос. Особено после Ковид, на многу им се сменија скроз мирисните рецептори. Јас мирисам едно нешто, ти друго. Тие што тебе и на други им се прегорени, мене ми се омилени. Мене ми се допаѓа што повеќето им се фотореалистични мириси. Не да погодувам на што ми мириса мирисот. Си знам дека, дури и да не ми се допаѓа, Comforter е рибизла, ЛОМ е пачули, Стики е тофи, HIWTK е мед со цитрус, Авокадо е пез бомбона. И мене од летните (grape soda си го пробала) ниеден не ми се допаѓаше, мирисаат на степче, ама тоа е. A, и тука е фактот што некои од нив траат и проектираат подобро од парфеми што се 5 пати поскапи.
Јас отсекогаш сум имала проблем со тешки парфеми, небитно на што мирисаат. Едноставно, мене организмот така ми реагира, не дека јас сакам. Значи ужасни главоболки ми предизвикуваат, уште од дете. Па научив да ги избегнувам. Кај мене немаше промени во однос на тоа после ковид. Знам дека е прашање на вкус, ама јас сум една од тие што не ги сакаат и повеќето дизајнерски парфеми што ги користи секоја втора жена/девојка.
И мене ме нервира малку што повеќето мириси на Лаш им се тешки, сладуњави, загушуваат некако. Не знам зошто не воведат повеќе цитрусни, зелени, "морски", свежи парфеми во глобала - затоа мене најчесто ми се допаѓаат машки или унисекс парфеми. Иначе знам дека рече дека Dirty спрејот не ти се допаднал, а и парфемот и спрејот маалку се разликуваат во некои ноти, парфемот мислам дека за нијанса повеќе ми се допадна. Откако ќе го прснеш на кожа, мириса на минт, на свежина, а потоа се развива во нешто хм, цветно, како лаванда? Не знам зошто не ти го препорачале Big спрејот, тој би рекла дека е свеж, потсеќа на лето, на море, морска сол, плажа, цитрус... Исто мириса како шампонот Big ако го имаш пробано.
Мене ми се лоши скоро од сите парфеми,небитно дали оригинал дали реплика исто е, немам најдено парфем кој ми прија убаво, и да ми е ок со некој тоа ќе е ден , два и после почнува лошење, ретко и користам парфем, од мерак купувам па после ги давам по другарки, за чудо од ЛТГТР не ми се лоши, зимово го пробав , ставав неколку пати но не го купив за да не испадне пак фрлени пари за џабе, дури сега го земав и иако е јак не ми се лоши. Стики мене ми мирисаше на прегорен шеќер.
И јас бев во ист гејт денес и да споделам мое мислење во врска со спрејови/парфеми. Avocado co wash 10/10. Многу ми се допадна, свеж ептен и секако ќе го купам понатаму. Chelsea morning го земав тврдиот парфем, ми мириса на колаче со лимон, исто како super milk. Баш за сезонава ми е и лично мене ми се допадна ептен. Е сега за Sticky dates да кажам дека сум во групата на луѓе што им мириса на прегорен шеќер, не ми се свиѓа баш. Lord of misrule не битно колку траел, мене не ми е за женско тој, машки ми мириса, среќа го сменив путерот со друг.
Цврстиов парфем како проектира? Сакам да си земам и јас некој, на пример American cream или Chelsea ама да не треба цело време да го ставам за да го осеќам мирисот? Плус ценава е примамлива.
Наводно повеќе траат цврстите од течните, да го испробам chelsea morning па ќе ти кажам. Течниот american cream не трае воопшто, цврстиот не знам а на мирис ми е преубав.
Да, и јас коментирав но гледам ми го снема коментарот. Не ми вреди за skin scent, реално, плус мала количина е.
Јас Vanillary го имав цврстиот, не траеше воопшто. American cream течниот го имав, не е траен воопшто а не е таков загушлив, гледам погоре го имате спомнувано
Овие работи јас не ги знаев, мислев воглавно е природна козметика, затоа и толку скапазначи грешка сум била, и се извинувам на членката погоре, @Autumn Love, баш ќе разгледам сега
И јас да не останам покуса, денес стигна. Баш идентичен е мирисот како лосионот. Преубав. Више не праќаат поише од 2 тестерчиња? Ајде барем пратиле тоа што им побарав. Candy Rain исто преубаво мириса.
Во Англија веке пристигнал, кај нас веројатно никогаш и нема. Сите го фалат и за траење и за мирис. :')
Какви инфлуенсери, какви глупости, фемина е закон. Цврстиот парфем Chelsea morning трае некои 4ч, јас убаво си се шлапам и тоа е максимумот. Течниот дали некој го проба колку е траен?