Здраво, читав доста пофалби за спрејот let the good times roll, немам време да отидам да го тестирам во живо па сакав да го купам на слепо. Ме интересира и ме плаши малце како конкретно мириса? Зашо читам и двострани мислења, многу се осеќа на пуканки? Да не има мирис на загорено или тврдо? И дали повеќе е на шеќерна волна или колачи?
Женски, препорачајте ми убави спрејови за тело. Никад не сум пробала од лаш, поим неам за ни еден, а знам доста жени се задоволни.
Лтгтр спрејот може и на облека да се користи или, дека читам е спреј за тело мислев да не остава некој флеки
Sticky Dates спрејот не е баш за на облека, кафена боја како карамела остава, само на потемни алишта, на светли никако. Не е лош бе, прво малку ме разочара, ама еве го користам, трајноста му е како спреј за тело. Со ЛТГТР секако не може да се рамни. Ете мана му е тоа да кажам, и тоа што не е безбоен како другиов. ЛТГТР слободно за на облека си е, баш таму најдолго се задржува @koritsaki Snow Fairy спрејот розева трага оставаше ли? Пошто лосионот знам розев нели беше и знаеше малку да ја обои кожата, околу ноктите посебно. Тоа треба мислам да го променат, да не се обоени стварите како лосиони и спрејови.
Ниту Стики ми остава боја на светла облека ниту Сноу Фери лисионот ми остава боја. Можеби со претхдни серии Било така
Супер ако така. Не сум пробала директно на алишта посветли, глеам така обоен е, и мислев да не се исфлека. А лосионот розевиот, да, лани го имав, ме нервираше поради тоа. Не на кожа или на облека да остава, туку нели се мачкаш и на раце коа ставаш, кај ноктите таму и под нив ми оставаше. Тогаш не се лакирав, па забележував дека остава.
А јас пак да прашам, видов и на амбалажата од спрејон има дека може да се врати. Ова навистина или кај нас не важи Да се пребројам кога ќе одам на штанд да знам шо да тегалам со мене
Јас немам забележано спрејовите да ми офарбаат облека. Парфемите, да. Да внимавате со Lust. Мене ми се офарба палто волнено бело, кај вратот кај што се прснав и на хемиско го носев нешто се извади ама нешто и остана
Да, и ја истово го забележав На некои стои дека pots и tubes се собирале, на спрејовите само items пишува. И сеа што точно може да се носи? Спојлер Претходно не знаев дека се собирале овие, не видов, едно кутивче иам фрлено.
сличен на челси морнинг ако го имаш мириснато, само без нотата на butterscotch. го имам веќе челси, па не вредеше да го земам овој.