А ти што поточно проба? Кај нас до сеа ко што видов оној лимитираниот спреј што е прескап го донеле, едниов од колекцијата, и Mr Wallet што е најевтин нивен спреј. Некои сапуни и парфем некој на мед што мирисал. Сигурно и тие другите ствари од community launch ќе ги донесат вајда.
Во сити мол се донесени сите нови парфеми и спрејови. Не вредат, според мене. Ниеден од нив не трае. Буквално се' пробав, и тоа неколку пати. Синдерс: Биполарен и не знае дали е бадем или цреша со цимет. Jellybeans. Старите песни: Не знае самиот мирис на што мириса, некои велат јаболко, некои боровинка, некои мастики/бомбони. Милки: Омекшивач Батербал: Пластичен какао путер Султана: Овошен сапун Супер милк: Знаете веќе на што мириса. Пресуптилен, повеќе е на лимон. Јузу и коко: Кокос со ананас. Да, знам дека е цитрусно-чоколаден на хартија, во живо потсеќа на пина колада. Глинда спрејот: Блага ружа Елфаба спрејот: Трева Г-дин Паричник: Прдеж трае подолго од мирисов.
Значи за нигде, и не вредат Ме интересираше за Синдерс и Јузу коко. Е ако слично мириса ко марципан, тогаш подалеку што е можно. Мене ми е прегаден таков мирис. Пина колада ми е исто бљак, претужен и мирис и вкус Фала ти Ја онлајн само видов, овие не ги ставиле уште таму. Ете само на штандот ги имало.
Да, изгледа видоа дека џабе се тие фешти и фами со промовирањето, страв им беше дека Јог Ног ќе се распродаде, Стики Дејтс (што го поскапеа), па ене ги пак ги има. Еве во Англија ќе има попуст неделава од 50% на буквално се'. Кај нас, ништо. Реално, не планирам веќе да купувам од Лаш, освен ептен ако не се вљубам во нешто, или ако дадат добар попуст. Се преценуваат со многу работи. Сфаќам дека е бизнис, ама... и дизајнерски и ниш парфеми се начекуваат за цени на Лаш парфеми што воопшто не траат (со ретки исклучоци).
Абе да сме реални све не вреди, значи не вреди, поготово па за тие пари, што стварно се премногу. Све не е уау, и не може да биде. А хајпот пробува да си го направи своето, за после да сфатиш оти ништо посебно не било.
Еве утре во сите англофонски земји за Boxing day е попустот (што ќе трае до јануари некаде), 50% попуст на повеќето работи, лимитед едишн, гифт сетови, спрејови, парфеми, едно друго. Дајте пуштете нешто и од нашево Лаш, знам дека ги читате коментариве. И така може ви стојат многу работи. Yog Nog, Turmeric Latte, купките и бомбите и многу други работи. Попуст имате на рандом два производа што никој не ги купува ни во странство. Не дека само јадам л***а, ама крај на година е, скршен денар не ни остана веќе, само елитата ли сакате да купува од кај вас?
Kај нас, во држава каде просечна плата е 500 евра (а многу не земаат ни толку), Стики Дејтс e 1.995 денари. Во Англија е 1.845 денари. Make it make sense. Дури и таму им е скапо ова за спреј за тело чија втора состојка (после алкохолот) е вода. Имаат добри мириси, не дека немаат, но повеќето се со иста ДНК. Нека намалат избор ама нека бидат барем убави и трајни мирисите. Челси Морнинг, ете, може да се каже дека не е толку скап (100мл за 3 илјади) и дека мириса убаво.... сите 5 минути додека трае. Наливните копии од 300 денари траат повеќе. Не знам вработените кај нас дали имаат барем попуст како вработени + бонуси, или некои други perks што ги имаат во странство. Глобално, дури ни вработените не се задоволни од Лаш според тоа што читам на разни форуми. Ако не е виралноста на некои производи, одма ќе потонат.
@carly j да, истото го имам читано за нив. Иако ајде, и да имаат некој попуст се знае колку пати ќе купи некоја вработена. Најмногу трипати, само од мириси не се живее. Горе-долу секаде во продажба имаат бонуси, ама реалноста е дека не секогаш се остваруваат.
Другиве нешто да споделите ако мириснавте од новите парфеми и спрејови? Можеби нешто ќе се допадне некому? Еве да не излезе дека сум чиста негатива, секогаш кога сменувам шампон дерматитот ми се активира и почнува првут/чешање. Една недела го користам fairly traded honey шампонот, и не забележав ништо такво. Не знам уште дали да го земам цело шише, но досега ми се допаѓа.
Јас. Ниту еден не ми се допадна, Супер милк воопшто не ми мириса како спрејот за коса, некако многу повеќе ми мириса на лимон. Јузу спрејот исто, нема ни к од какао. The old songs are waking ми беше онака ок. Butterball од парфемите исто ми беше онака, not bad. Ништо не купив инаку.
Чувајте ги парите за нешто саглам, и јас од оваа колекција ништо не земам. Се мислев за Old Songs, но не ми се допаѓа доволно за да лупнам 2 илјадарки. Не знам зошто вадат полуготови производи, што или не траат, или немаат кохезија помеѓу мирисните ноти.
@koritsaki или некој друг, дали го има пробано парфемов да сподели искуство? Дали е траен, и дали има сладок мирис?
Да јас го имам Многу е јак, не е сладок воопшто баш на типична ванила мириса, траен е , јас би ти рекла да го пробаш пред да го купиш, може и да не ти се допадне
Сакам ванила, затоа и ми фати око. И да не е сладок, битно ми да е ванила. Секако ќе го пробам, фала ти.
Јас бев во Сити мол и го пробав Let The Good Times-Roll, воопшто не мириса исто како што мирисаше тогаш кога го купив во септември 2023та, и не го земав