Не е грдо, ама некако чудно, вештачки.. сега освен ако тестерот им е од преклани па го изгубил мирисот, не знам
А ништо чудно да не го смениле тестерот. За тестери сум приметила и многу други не се ажурни да ги сменат.
Мене едниот Стики дејтс не ми мириса и не ми трае исто колку другиот што не беше лимитед едишн. А исто и не тежат исто, според луѓе кои скоро купувале (шишето на спрејовите треба да тежи 45 грама, значи со 200мл течност треба да тежи 245, а не 200 или 210) Патем, нови (треба да) им се тестерите, барем за ЛТГТР. За другите што ќе кажеш, ти се допадна некој од community drop?
да сабајле го имаше, рано бев станата уште во 6 и спрејот го немаше тогаш, а лосионот го имаше. Си реков ај да почекам да видам што друго да нарачам и еве сега веќе и тоа го нема
Маркетинг тактика женски, не се разочарувајте. Само по еден примерок имаа од повеќето работи, на пример ТЛ парфемот само еден имаше од 30мл, и од другиве работи од помалите/поефтините работи по 1-2. А и немаше ноќеска путери за масажа утрово еве има.
Значи ми се плаче за Yog Nog, сабајлево другарка ми ми кажа дека има попуст и решена да го нарачам гледам потрошено, е стварно не се фер
Инаку, има ново глобално покачување на парфемите, Chelsea Morning од 50 на 70 евра пример, ќе растат некои и од спрејовите, веќе гледате дека повеќето се над 2000. Тие производи што ќе останат иста цена ќе бидат со намалена тежина. Особено производите со какао путер, што во некои случаи го заменија со друг путер и не нагласија. Мизерија.
Јас накај Софија ќе идам и баш отворив да видам кај имаат Лаш, и што да видам цените бетер, кај нив Yog Nog спрејот е 80лв, тоа е околу 2.500 ден. Ниту пак имаат попуст (не дека кај нас имаше, го ставиле само а немаат залиха). Стики и ЛТГТР се по 70лв - 2.200ден
@koritsaki како се покажаа со тајност Sleepy или порано како што беше Twilight, Big и Avocado Co Wash? Ако се сеќаваш, кој ти се чинеше како најтраен? Попустиве очајни.. Лани мислам имаше по нешто да се најде, годинава ужас. Цениве дека евтини многу, па уште нека ги поскапат ајде.. Вистина не се нормални, ама они губат. А и тоа што постојано ги реформулираат продуктите ко што рече @carly j, не им чини уопште тоа. Барем да ги подобрат, а не разводенуваат и упропастуваат..
Слични се со трајност сите. Big е цветен мирис, Avocado co wash е свеж а Twilight на лаванда. Штета што немаат трајност, мирисите се одлични
Јас сакам јавно да и се заблагодарам на @carly j зошто ме извести дека Yog Nog е на залиха, и си го нарачав а успат и candi rain. Мислам дека во моментот додека ја правев нарачката не дишевсе си мислев пак ќе го снема
Јас планирам само на алишта да го прскам, тоа помага со трајноста колку-толку. И, секако, во комбинација со други парфеми/спрејови да бидат малку покомплексни.