На некои им мириса слично на Tobacco Vanille, иако не пишува дека има тутун во мирисните ноти, така се перцепира. На почеток мириса така, на чад, после преминува во поблага и потопла зачадена дрвенеста ванила. Кога се прснав во 1 на штанд ми траеше до 8. Не е преблаг, па затоа сакам да го комбинирам со нешто поблаго. Плочката за масажа мене ми мириса поразлично од парфемот, таму има какао путер и повеќе се чувствува куркумата што е покремаста. Прво го зедов Chelsea Morning но се предомислив (тој не траеше воопшто) па сега се свртев кон ТЛ. A, и дефинитивно не се носи на топло време. Само на минусни температури. Не е safe blind buy ако го немаш пробано. И јас не добивам ни куркума ни лате, може ако мижиш и си замислиш дека има па да доловиш нешто визуелно.
Да сподели некој импресија за лтгтр од последната серија, дали е траен? @koritsaki за yog nog спрејот не е траен или мирисот од гелот за туширање?
од ск ти е купен? Мислев дека ти е од Грција земен па имав некоја надеж дека кај нас некоја убава серија донеле
Да од Грција ми е купен. За Yog nog зборам. А LTGTR го мириснав сега кога бев во Ск во Сити мол , и се прснав и не траеше како што траеше тогаш кога го користев 2023та. Е сега ако е нешто проблемот до тестерот , тоа не знам
Мене ми е баш траен и доста пати ми искоментирале дека премногу мириса и остава трага позади мене иако јас не го приметувам цело време
Патем, тие што имате вага, де видете која е грамажата на спрејовите? Порано мислам дека повеќе имаше општо, сега читам дека намалена е тежината на некои (иако се 200мл сите).
Пластичното шише, празно, ТРЕБА да тежи околу 45 грама (плус/минус 2-3), значи си во минус некаде 20 мл. Може испарило, може помалку ги полнат. Еве пример на празно шише од рандом ЛТГТР што го најдов на Редит. Од друг пост: I weighed a bunch of body sprays once after receiving an order where some had leaked, and the full ones were all between 243-245g while the empty bottle was 47g. Edit: Google says that's about 8.6 oz.
Ме фати инат и го испразнив стариот спреј и го измерив шишенцето .. тука е некаде, 51гр (ја проверив вагата). Дефинитивно е помалку полнето..не беше ниту растечено, ниту распрскана пумпицата
Или помалку полнето, или… вратен производ откако некој се прснал. Но ако пумпицата е нераспрскана… не знам, стварно, лесно е да се одврти и да се затвори без да се прсне, ама се надевам дека не го прават тоа.
Не ни помислив на таква глупост, ама ако некој тоа го прави секоја му чест, многу заштедил во животот
Убаво мириса ама не се задржува. Пред да ја сменат формулата на Yves Rocher кога ќе се намачкав мирисаше како парфем. Сега гледам мирис амс битно ми е како ми делува на кожата.
Сите тие од летната колекција ми имаа мирис или на газоза или на степче, и не траат воопшто, за жал. Инаку овие ‘новиве’ спрејови секаде се ставени во распродажбата само кај нас не. Не дека ќе купев некој, зашто ни тие не траат ниту се нешто посебно, но може ќе се излажев кога ќе ги видев на страната.
Еден спреј е на попуст, тој од грозје. Баш читав по странски форуми, кажуваа дека е траен, особено на облека. Па добро, логично е да мирисаат така, тоа е поентата-овошни.
Update: Yog Nog 222 грама, Lord of Misrule 224. А шишињата се 47. Значи од старт нема 200мл, ама ајде.
Не трае, го хајпаат премногу и на тикток и секаде. Читај на редит за поверодостојни рецензии. Едино ако го прскаш на едно парче облека (шал, капа..) и истото да го носиш без да го переш, па да се задржи… инаку тешко.
Super milk ми трае навистина и ептен се осеќа и може и затоа се излажав да земам и спрејчето и лосионот но повторно не џнсм дали би го земала.