Јас за Јог Ног да си кажам, кога излегувам и го прскам реално не го осеќам многу, се губи со другите парфеми може или станувам nose blind. Но едно прскање пред спиење е доволно за кога ќе се разбудам веднаш да го осетам мирисот. Исто, прочитав совети ако немате када, бомбата да ја ставите во кола, имаше коментари дека и со месеци ќе ви мириса возилото, па за тоа ќе ја искористам мојата. Лорд оф Мисрул е специфичен па одма се осеќа и други парфеми да има, секогаш ќе доминира пачулито. Само по еднаш прскам од тој и доста е. Го комбинирам со други мириси за да се ублажи малце. Со Turmeric Latte, забележав дека тестерот со кој се прснав трае повеќе од парфемот. Фала богу дека трае и проектира парфемот, но не 8-9 часа колку што траеше кога се прснав на штанд. Или пак плацебо ефект е, и пак, noseblindness. Некој од вас купи ТЛ? Имаше едно шише од 30 мл и 6-7 барем од 100мл, па сигурно некој од тука има џапнато. Една личност ме мирисна и воопшто не и се допадна ТЛ Немам други коментари за него. А мене ми е баш фин во комбинација со Јог Ног.
Lord of misrule го намалиле на 895 денари. Мене лично ми е потраен од Yog nog Ама повторно не би ги купила и двата.
Леле луѓе се разочарав... Завчера бев да го пробам Let the good times roll и Honey i washed the kids. Повеќе ми се засвиѓа LTGTR ама реков ај ќе подразмислам и да видам како ќе мириса отпосле. Денес бев пак ги пробав и двата, луѓе, LTGTR ни малце не мирисаше така како завчера, ми мириса чудно, вештачко, а не слатко ко што беше. А Honey i washed the kids денес од прва ми замириса убаво и дури и во воздухот го осеќам. Не знам што да правам сега, ама ако бирам би го одбрала Honey. Како и да е, мислам дека не вреди хајпот.
Ај баш и јас утре ќе поминам да видам дали поинаку ќе ми мириса. Станавме професионални душкачи Со секоја нова серија се реформулираат производите, барем минимално (а кај некои производи и значително), значи 10 минимални промени во рок од година-две не се малку кога ќе се соберат. Почнаа со реформулација на Стики Дејтс, Kната, парфемите Султана, Breath of God, Карма, Lust, American Cream, па и на Супермилк еве ова му е втора официјална измена. Може и од новите да се погоди некоја серија, ама за тоа среќа треба. Мислам дека некаде пред два месеца пишав на форумов дека нагло ЛТГТР почна да добива лоши рецензии онлајн, значи некаде октомври-ноември е сменета серијата, или ако сме баксуз по ,,грешка" се случило тоа, и таман 2-3 месеца додека да стигне кај нас таа серија (не знам поинаку како да ја наречам). За жал, сите идни спрејови, освен ако не се качи цената, во најмала рака ќе бидат исто, ако не помалку силни кога станува збор за траење, проекција и оставање на трага. Едит: Додавам работи кои биле реформулирани.
Јас не знам што се случи со тестерот, баш завчера бев и еве денес добро е што го пробав пак и не го земав. А Honey ми остави убав впечаток, дури и во воздухот го чувствував, нежен медест мирис. Барем на подобро да ги реформулираат а не на полошо. Само губат купувачи вака.
Може не е до тестерот, може до тебе е. Мислам, до нас. Различно перепираме мириси во различни ситуации/расположенија, барем јас така мислам, не сум истражувал )))) Ама ми се има случено, па затоа. ЕДИТ: Јас, кога ги мирисам спрејовите за тело и парфемите на штандовите, се мрштам. Скроз не се мој тип, ама ниту еден! Сега имам еден од лимитираната едиција, ќе кажам мислење деновиве. Но, сакав да кажам дека... Ха! Интернет-хајпот е таков и си ја прави точно таа работа за која е задолжен: добар маркетинг. И ова не е само со конкретниов случај: илјадници производи не се покажале дека вредат онолку колку што ги опишуваат по социјалните мрежи. Колку такви парфеми, креми имам нарачано во последната година... Дури и по опис сум мислел дека се полн погодок за мене. Ама во реалност, за жал, не се покажа така. Значиииииии: тестирајте си сами. Може на вашиот нос/кожа ќе им се допадне некој производ кој ниту еднаш не бил споменат по интернет! Бидете оригинални!
Не само што сите различно ги перцепираме, туку и pH вредноста на сечија кожа влијае на тоа како ќе мириса парфемот. Со ист парфем се имаме прскано и јас и другарка, мирисаше како тотално два парфема да се. Исто, некои од нас ги впиваат многу побргу што влијае и на траењето/проекцијата. Ама да, никогаш повеќе не купувам на слепо ако имам опција да го мириснам. Патем, никогаш не слушајте инфлуенсери што осеќаат дека мора да дадат позитивно мислење за производи што нив беспари им ги праќаат Лаш.
Не ги користи некое време. И мене едно време ми се здосадија, ставав други мириси, сега пак им се вратив
Реално со секој парфем ми се случува, и по некој месец пак ќе им се навратам. И мене ми се здосадија тие старите што ги имав, но ете од Turmeric Latte уште ми се нема смачено.
Јас дојдов да кажам за Yog Nog, дефинитивно не трае колку LTGTR ама сепак не е лош споредено со Lemon flutery(го нарачав за поклон ама го пробав, се прснав) што имаше трајност некои 3 саати?Значи Yog Nog е некоја средина со трајноста и мене многу секси ми мириса ептен го сакам и баш бев во план да го нарачам и ете како за цела среќа на попуст го фатив. Според мене за оригиналната цена не вреди, вака намален да сепак се исплаќа. Баш некни се прснав два три пати и стварно се осеќа мирисот. За sticky dates лосионот добив тестер и искрено не сум нешто wow, не ми мириса нешто нај нај. Среќа што не го нарачав спрејот на слепо.
@theunforgiven активен си на форумов гледам моментално, па да искористам прилика да те прашам, тој спрејот со грозје каков беше? Го проба ли конечно? Да не го врати? Го имаше деновиве пак на сајтот. Не се пофали ти каков е, а ме интересира како грозје би мирисало во спреј Сум немала до сега такво нешто. Да не е некој кисел мирис неубав или?
Уште немам прснато, замисли! Немав време, а сакам свечено прскање да правам, ахахахахахха. Го имам мириснато/тестирано на штанд. Затоа и го нарачав, инаку не би се осмелил ниту јас. Благ е. Како сок од грозје. Слично на боровница мириса, да речеме. Маааалку има една точка што „ти брца у нос“, знаеш, како PEZ бонбони, ајјхгахгакдј чувство, да се наежиш )))))) Јас многу сакам бонбони од грозје, пример. И од боровница. Затоа го купив спрејов. Мислам, немаше да го купам ако не беше на попуст, де...
Ej, зошто не е достапен на веб Lord of Misrule? Сега пробав тестер и преубав мирис има!!! Баш ми мириса онака како што ми мириса кога ќе поминам покрај штанд/продавница на LUSH.
Најискрено, имам 3 спрејови од Лаш, траат со денови и месеци ама не можам да си погодам спреј за жива глава. Оној Honey I Washed The Kids, ми се слошува во буквална смисла на зборот, исто и тој Let The Good Days Roll нешто така се викаше, абе тепа на благо не можам и си велам ај ќе купам некој свеж може ќе ми се погоди, го купив BIG тој пак ме отепа на етерични уља, не ми се погодуваат. Ама работиве за коса им се топ значи исто и купките, за тоа немам замерка, каква ми ја прават косата и колку се задржува мирисот на телото после бањање е невероватно. Ама ете , со спрејовите имам проблем, ако знаете некој така прифатлив кажете ми, ќе дадам и 4та шанса.
Па тоа се зависи од вкус до вкус, мене LTGTR ми е многу убав е сега исто интересен мирис има twilight ама да го пробаш таму а не на слепо да го нарачаш зошто може тебе нема да ти се допадне. Avocado co wash исто го кажуваат за свеж.
И кај мене во Грција многу поскапеа Лаш. пола од производите се поскапени за 4 евра. Така прават секоја година. Се мислам пак помеѓу LTGTR или Sticky dates. LTGTR некако не очекував дека го имаат изменето во од нос на трајност , а Sticky dates го немам мириснато воопшто ама лосионот го имав за тело и сигурно исто мирисаат. Од Lord of misrule имам уште многу и некако веќе не го користам ептен тежок почна да ми е. Од Yog nog и Twilight уште малку имам. Најверојатно изборот ќе падне на Стики
LTGTR кога го земав преубаво ми мирисаше, сега ми мириса на прегорен шеќер, тешко, гадно можно е да смени или со мене нешто не е во ред
Мене не ми мирисиаат исто лосионот и спрејот. Лосионот ми е убав, на карамела ми мириса. Спрејот ми мириса на прегорено. Лосионот го имам и користам, спрејот не би го купила.