Стики спрејот не ми мириса исто како гелот и лосионот. Сите ми имаат иста ДНК но различен вајб. Гелот ми е најубав и нај-стикидејтс, лосионот е повеќе на ванила и, не знам, тесто од колачи? спрејот е поостар, подрвенест, проектира првите 5 минути и после го снемува. И лимитед едишн шишенцето и обичното го имам, мислев ќе има разлика во траење (обичното сега е поскапо), ама ништо. Си ме претркала, ама да ^ this
Ми се јавија денес дека им стигнал Dirty од 30мл, јас тотално заборавив дека сум им оставила и број за тоа. Преубаво мириса, сега кога гледам колкицко е шишенцето, малку ми е жал што не го земав тоа од 100мл. Ми го препорачуваше Junk девојчето, наводно слично мирисал на Dirty, минт/хербално, ама имал и плус цитрусни ноти. Ме прсна на рака, ама немаше којзнае колкава проекција, а за мирисот не можам да се одлучам, онака ми е, океј, не сум воодушевена како од Dirty, а и брзо ми се изветреа. Иначе на штанд приметив мал милион мали парфемчиња што ги немаат воопшто на сајтот, Butterball ми паѓа прв на памет, го запамтив по името, ама имаше и некои други што ми изгледаа интересно, само ми беше глупо веќе да и викам на девојката да ги отварам сите, и да се прскам. И општо, има многу интересни производи што ги немаат поставено на сајтот, а мене ми е глупо да дремам на штанд пет саати, и да разгледувам производ по производ убаво, дури некогаш незгодно ме фаќа дека ги замарам девојчињата, ама глумат фини пошто мораат и си одам. Најубаво ми е дур си разгледувам на сајт лагано, си читам и ривјус, кое за што е, и си одлучувам. Едино парфем може не би нарачала така, друго се ми било ок.
Во Швајцарија ги има овие неколку спрејови што во Македонија ги нема, (барем јас не сум ги видела ниту на сајтот ниту на штанд кога бев), а вака баш ме заинтересираа. Ќе ги донесат ли некогаш тука? Можам да ги земам од Швајцарија ама не ми се зема на слепо, ептен сум специфична за мириси.
Ги имаш на штанд ама не се ставени онлајн - Јузу и Олд Сонгс, Синдерс, Стики. Барем во Сити Мол ги имаше, се прснав со Олд Сонгс минатиов викенд. Овие летниве од втората слика се дотрошија на распродажбата. Сноу Фери воопшто го нема кај нас. Не знам и оваа колекција дали ќе ја носат кај нас, ама не мислам да мирисам на свежо косена трева. Со здравје да си се прскаш! Тие сите се од зимскиот community launch - султана, батербал, супермилк, итн. Ни јас не знам зошто не им се онлајн, ама ете. Јас ја имам Џанк плочката за масажа, реално се осеќа како солиден парфем, го користам како база врз која ставам парфем (се тешам дека така трае подолго мирисот).
Леле многу е кјут! Ама мирис на косена трева? Ќе се навлечам и на Lush. Не знаев дека ги имало и тука некои од овие спрејови, јас онлајн повеќе ги гледам. Ме заинтересираа Peaches и Cinders. Инаку го користам Honey i washed the kids, цел ден ми се задржува на облека па и на кожа. Не се прскам многу, пошто добивам главоболка од мириси. За трајноста стварно е одличен, презадоволна сум. Си се почастив сега со The Comforter. На прва ми се засвиѓа. Cinders и Sleepy ми беа многу јаки некако? Може требаше да почекам да видам како ќе мириса отпосле пошто малце време им треба, ама многу ми се измешаа, наеднаш сите ги мирисав.
Мене ми е криво што не го начекав Snow fairy на попуст. На 50% попуст е ставен со Yog nog ама распродаден е. Само Yog nog e достапен, тој не би го земала повторно ми се здосади
Сигурно нема да биде скроз апла мирис на трева ниту еден мирис не им е таков мирис само на едно нешто, ќе направат некоја мешавина. Јас мирис на рози мразам и не би земала, ама мирисот на Rose Argan и Rose Jam ми е одличен. Не е типична роза мирис. Така ќе биде и овој сигурно, е типична трева да шприцаш на тебе
Тревa плус сандалово. Реално мене и на Елфаба спрејот на трева ми мириса. Тие што бевте на штанд, да не го донесоа и ЛТГР сетот? Читам коментари дека лосионот ЛТГТР е ист како Стики Дејтс лосионот на мирис.
Може тебе ти здосадил, ако често си прскала. Не го користи некое време, менувај, користи и други, па види како ќе ти биде. Мене тоа ми се случува кога користам некој мирис многу често и не го осеќам веќе исто, после кога ќе сменам ми се враќа мирисот. И друга многу битна работа - чувај го спрејот на некое место кај што не е многу топло и да не го фаќа сонце. Пошто и тоа игра улога за трајноста и одржувањето на оригиналниот мирис.
Мојата love-hate врска со Let the good times roll конечно премина само во love. Денес го купив спрејот и можам да кажам дека стварно вредел хајпот. Кажав дека сум многу осетлива на мириси, и мислев дека е загушлив и тежок, ама воопшто не е таков, има преубав благ мирис. Според мене, може до кај Мај месец да се прска, не е строго за во зимски месеци како што го опишуваат, може да се носи и на пролет. И секако одма добив коментари од домашните, тие први го мириснаа и многу им се допадна. Сум мирисала на шеќерна волна и карамела.
Збор два за The Comforter Spoiler Ми стигна пред некоја недела, ама све заборавам тука да пишам. Спрејчево било баш изненадувачки добро. Мириса на овошно сокче од berries, црна рибизла пишува дека е, па цело време ти иде да го испиеш. Киселкасто благ мирис, нежен, пролетно - летен. И во поглед на трајноста мислам дека е задоволителен, мене ми трае на кожа некои си 5-6 часа, го осеќам, на облека повеќе секако, може и цел ден да трае ако не се испере.
@koritsaki ми текна на тебе дека пишуваше за парфемите и го пробав денес Vanillary парфемот. Совршенство во шише. Дефинитивно го купувам. Мириса на убава чиста ванила ама мене не ми делуваше на јак и тежок парфем. И American Cream многу ми се допадна, нежен, лесен и благ мирис на милкшејк со хинт од јагода. Можеби тој не е траен, па не сум баш сигурна дали ќе го купам, ама Vanillary ми е на листа за купување. Си земав тестер од sticky dates лосионот. Добро е што не се залетав да го купам целото пакување без да го пробам. Мене мирисот не ми е ништо посебно убав, јак мирис на кафе, а јас мирис на кафе не сакам баш. Ист мирис и спрејот. Очекував да мириса на карамела како што е опишан, ама нема ни к од карамела туку јак мирис на кафе. Плус течноста е темно кафеава, така да уште еден минус. На прво прскање на кожа има многу јак чуден мирис, се зашеметив и направив ваква фаца По некои 15-20 минути почна да развива посмирени и благи ноти и мирисот на кафе е посуптилен. Сега можам да кажам дека е поубав, ама недоволно за да го купам, сепак не е мирис за мене. Од друга страна, само што влегов дома, одма коментари дека мирисам преубаво, на благо и на кафе.
Да Vanillary е чиста ванила, доколку ти се допаѓа земи си го мене ми е мн јак , и ставам по малку имам уште многу од него. На пр. Lust многу повеќе ми се допаѓа. Тој го имаш мириснато? Американ крим јас веќе не би го земала, убав е и се ама не е траен , не вреди.
Само што бев во Лаш во друга држава.... не е фер што не ги носат кај нас сите производи и колекции. Cardamom coffee е прекрасен парфем. Guardian of the forest спрејот исто. За нас што ќе остане, тоа.
Ако ти се допаѓа и знаеш како мириса Tumeric Latte, овој ќе ти се допадне повеќе. Ама ако не сакаш топли и зачинети мириси... ќе ти се гади. Гледам во Грција е уште сто евра, а нагоре го направиле 200 евра.
Јас го пробав ама не ме привлече да го купам. Цел е со светки, тоа не ми се свиѓа, плус и амбалажата е грдичка. Мене ми е убава обичната, црната. Инаку спрејот мириса на шеќерна волна и bubblegum. Сепак можеле само да го вратат обичниот Snow fairy без светки, наместо овој. Да беше тој ќе го купев дека ептен ми се свиѓа таков мирис.
Деновиве го тестирав и спрејот Rose Jam. Јас имам тежок ick на цветни мириси, буквално ми се повраќа ама спрејов е првото нешто што ми било океј од цветни мириси. Не е типичен мирис на роза, има и некоја пудреста нота, мислам и дека ради тоа ми се засвиѓа. Иако на fragrantica гледам има и други ноти, ама јас не ги доловив тие. Прснав по еднаш и на облека и на картонче. Добро е што не се испрскав повеќе зошто е многу јак, со едно прскање се чувствува и проектира, а од картончето и ташната ми замириса. Сепак не би го купила, мислам да не ми се згади отпосле. Повеќе преферирам овошни и благи карамелести мириси.