Не верувам дека е ист амс за траен, траен е и тоа ептен. Авокадо го земав да го мешам со млеко за тело и со ЛТГР за зимава зошто супер милк ептен ми прави мерак
@wannaBeMomma фала ти. Баш чекам мислење и за Авокадо во врска со трајност. Јас еднаш се прснав од тестер и долго ми мирисаше.
Не сакам да кобам пред да стигне кај нас, но според рецензии за новата формула/серија на ЛТГТР овој месец.... има некоја утка. Ќе се фрлам од 5 спрат ако и кај нас стигне таа серија. Знам дека и Стики Дејтс е реформулиран (со повеќе вода и глицерин а помалку парфем), дали има некоја од вас што го зеде месецов од кај нас и е задоволна со траењето? Освен на алишта, на тело не трае повеќе од час/час и половина. Позитивна вест, барем, наводно НОВИ СПРЕЈОВИ НАСКОРО!!* *(наскоро= кај нас најрано другата година, здравје) Во долгови ако не влезам за мирисиве... Таман е, нема потреба да јадам. Султана парфем - суво грозје, брусница, кајсии, бергамот и олибанум Јузу и Коко - какао, тонка, јузу, бергамот и грејпфрут Олд Сонгс - шеќер, тонка и ванила Милки Бетх - ако е ист со сапунот, пачули и портокал Батербал парфем - какао путер, иланг иланг Синдерс - цимет, ѓумбир, тиква, морско оревче
@carly j зависи каде се произведени, на пр нели сите производи на Lush што ги носат во Македонија па еве и во Грција , се произведени во Хрватска. Се надевам дека нема да биде така со спрејов. Ќе го земам кога ќе го донесат, па ќе видиме. Ова за другиве мириси, кој знае дали ќе ги донесат наваму. Јас толку се надевав за Yog nog , еве во Србија го има на пример..
Повеќе не, барем привремено, новата роба месецов ќе биде од Англија директно, имале нешто проблеми во фабриката во Хрватска. И Sticky Dates што стигна пред некоја недела беше од Англија.
Lush буквално прави пари од ФОМО, од факторот што мора нешто да се купи зашто е трендинг на тикток или не знам каде, па тешко е достапен, па ќе го стават онлајн, па ќе го тргнат - ова е практика нивна во сите држави. Хајп правеа и со Стики Дејтс исто. Моментално се прави со Yog Nog спрејот (варира и тој, реформулиран е). Мразам што се' послаби и послаби (+ поскапи) ги прават спрејовите, а беа посилни од повеќето парфеми. А не дека стварно се limited edition работиве зашто по некој месец се враќаат, и кај нас ќе го има пак Стики после Нова година. Исто и со Choco Musk парфемот што сите го фалеа на тикток па конечно го добив и мириса на пластика. Веќе не купувам на слепо, ќе се нацртам во Лаш ако треба кога ќе стигне (и ако остане повеќе од ден) ЛТГТР, ќе се прснам и ќе чекам два саата пред штандот
Што да ви кажам, мора да се испроба Еве за Lord of misrule денес втор пат добив коментар дека мириса многу јако, баш сега на работа женава што работи во маркетот кај нас ми искоментира- леле колку јако мириса твојов мирис, кога ќе влезеш ептен се осеќа. Јас некако LTGTR повеќе го осеќав од овој ама пак не е лош. А мириса фантазија
Сакам да можам да поднесувам пачули, ама не можам, а знам дека ЛОМ им е еден од најсилните и најпроектирачките. Ќе му дадам пак шанса на спрејот зашто велат дека е поблаг од парфемот (само парфемот го имам прснато). Патем, на такви мириси, особено ако ги прскаме на деколте/врат стануваме noseblind, и иако ние престануваме да го осеќаме по некое време, другите околу нас дефинитивно го сеќаваат.
Го донесоа спрејот овде во грчкото Лаш Yog nog ама кога се распродаде брее вчера баш влегов на страната го немаше. Ќе гледам сега по цел ден на страната да го начекам и одма го порачувам. LTGTR уште не е достапен. И Snow fairy го има ама повторно не би го земала Едит: Го порачав штотуку пак го додадоа на страната
Да споделиш импресии за yog nog обавезно! Обично не практикувам blind buys ама од страв дека ќе се распродаде одма може да го порачам . Мирисот на гелот за туширање ветува.
Да и јас го имам пробано гелот за туширање, мириса на ванила, карамела ама оној топол мирис. Гелот го отворав по цел ден да го мирисам сега гледам го нема пак, некои како мене дремат на страната на Лаш дефинитивно ќе пишам обавезно.