Го мириснав Карма, некако што знам, не ми остави впечаток ко за да го купам, не ми се допадна. Ништо друго не ми фати око ни мене. Ми отрпна сетилото за мирис после Карма и Stormy weather, не се ни сеќавам што всушност мирисав.
Различно го перцепираме тогаш. Камоли мене да ми мирисаше така, но различна кожа и различно мириса на сите. Ме удри на нос само 70% цимет, 5% каранфилче, 15% прашина и 10% алкохол, чекав да стане подобро... Ќе има уште еден спреј во колаборација со Скуби Ду, ако го донесат кај нас, исто бил со цимет ама повеќе на колаче што мириса / biscoff cookies. Разбирливо, јас ги мириснав прво тие и Пампкин Спајс. Врска немам другите на што мирисаа, ама воопшто не ми беа впечатливи. Ако сакав цитрусен ете го Авокадо Коваш, Челси Морнинг или 2352352 други што ги имаат. Не вредеше воопшто СМ спрејот, али ајде, може на некој ќе му се допадне.
Исто и Сакура не им е лош цитрусен мирис, со примеси на јасмин. Доминира мирисот на цвет од портокал. Не е нешто траен, ама баш ми е фин. Од овие новиве мех некако, ај може ќе ми отспие па ќе се премислам за некој, иако мислам дека нема да ми се смени мислењето.
Новите спрејчиња ги донесоа во Лаш. Го пробав Super milk , премногу е јак мирисот. Еднаш прснав , ептен јак мирис. Strawberry feels forever е добар, мириса некако на јагода и карамела, тој би го земала. Другите не ги пробав
Трајни се, јас така еднаш прснав и навистина и двата мирисаа со часови, тој Супер милк е навистина јак, не можев да го поднесам на мене. А спрејот за коса на пример ми мириса супер
Ги пробав новите спрејчиња, скоро па сите што ги мириснав ми беа тешки, само Super Milk ми се допадна. На прво прскање мириса ептен лимонесто си реков не го бива, ама потоа почна да се менува мирисот на млечно, бисквитно, ванилесто, со хинт на лимон, некоја интересна мешавина што ме примами. И ептен солидна трајност има. Па на мисла сум дали да го купам.
Денес го мириснав спрејот Карма. Мириса ептен на цимет, на зачинето… искрено не ми се допадна од прва. Стигнав дома, имав останато мирис на самиот нос иии почна да ми се допаѓа… Па да прашам.. има некој што го користи спрејот? Искрено убаво мириса откако ќе помине некое време
Да си се поправам сама себе. Денес бев повторно, јас минатиот пат сум го мириснала спрејот “pumpkin spice”, еве и денес повторно и мене ептен ми се допадна. Не од прва - но после 10/20 мин ми мириса убаво, топло некое чувство, зачинето. Мислам дека ќе го земам сигурно следно. “Карма” ми мириса на средство за плочки. Инаку си го земав сетот денес на “LTGTR”
Затоа ме зачуди коа си пишала Убав ми е за сезонава Pumpkin, но си мислам пак не би го купувала, ќе ми се слоши од волку зачинето Ја сетот Sticky Dates го мерачам, заедно со уше некои други ствари Имам уште од Sticky од лани, увидов дека пак ми се засвиѓал после долга пауза од него, па се мислам за сетот со малото спрејче.
Не знам како ми се уврте во глава минатиот пат дека е Карма а уствари е pumpkin spice. Го имаш користено така? Траен е? Ептен сакам да го земам следно. Инаку за сетовите мене лично ептен ми се симпатични.
Да да, го иам. Ми се свиѓа неговата трајност, убаво се осеќа едно 5-6 часа, а на облеката уште повише.
На зачинета тиква Се зезам. Па така ко на есен, благо ама и јакичко. Осеќам и цимет, а и ко јаболка да има Ко на блага пита некој таков мирис. На прв шприц е доста јакичок. Тој со јагоди не го запамтив баш, ко невпечатлив ми се виде. Ќе го мириснам уште еднаш.