На зачинета тиква Се зезам. Па така ко на есен, благо ама и јакичко. Осеќам и цимет, а и ко јаболка да има Ко на блага пита некој таков мирис. На прв шприц е доста јакичок. Тој со јагоди не го запамтив баш, ко невпечатлив ми се виде. Ќе го мириснам уште еднаш.
Се мислев кој мирис наредно да го земам. Дали Стики или некој од тие Pumpkin spice или тој со јагодите. Пампкин не го мириснав и не би го земала на слепо.
Пампкин спајс спрејот мене не ми се бендиса. Јагодите ми се бендисаа ама мноу бргу исчезнам мирисот. Ич траен ме ми се виде па не вреди да давам 2.000 за него
Мене поубави ми се скроз црни, не знам зошто. Ама од новиве спрејови ниту еден не ми се допадна, ако сакаш да земеш некој, тогаш дефинитивно Sticky Dates. Совршен е за сезонава.
Зависи кој. Let the good times roll, Honey i washed the kids, Lord of misrule мене ми траат со часови кога ќе се прснам особено на облека ако отиде. LTGTR оваа новата верзија нешто помалку трае за разлика од постарата, ама пак задоволително е , бидејќи нели спрејчиња се.
Jас ќе замолам и некоја членка пишуваше дека го има спрејот со светки Snow fairy, ама мислам не беше задоволна, па ме интересира повторно да ми каже зошто не е. Освен на Стики или на овој му се намерачив некако. Дека со светли, затоа Го имав порано овој спреј (без светки) ама некако и многу траен не ми беше.
@koritsaki не ти се трајни тие спрејови, и се затнува цевчето од светките, по некое време е неупотреблив, не прска. Такво искуство имав со Супер Милк.
А Стики добар избор е за врмево, јас пак го засакав, едно време ми се смачи, сеа повторно ми се свиѓа.
Фала ви. А Turmeric latte парфемот некој да не го пробал? Не знам зошто ми влезе и тој во мисла да го пробам, постојано ми излегуваат видеа на тик ток од него. Како јак мирис е, како мириса ванила тонка... ама па од др страна го имам Lust уште пола шишенце и дека и тој јак да го потрошам подобро... Од LTGTR го имам малото шишенце од сетот, уште имам од него. Штета што го нема лосионот за тело посебно да се купи.
Луѓе среќа што не порачав прееска Сега да влезам пак на страната гледам донеле нови производи Го донеле Snow fairy спрејот и плус некој парфем Super fairy, и сега се надевам дека е траен бидејќи е нели парфем, спрејот мене ми беше ептен слаб. Го порачав парфемот Пуштајте среќа да не бидат фрлени 43 евра џабе хахах. Стики здравје ќе го порачам понатаму и така не е лимит едишн.
Не, ама ќе има 3 нови спрејчиња и 3 парфеми. Попустот е еднаш годишно и е крај на јануари / почеток на февруари, по нашите празници.