@Mishela, ќе те тагнам тебе пошо праевме муабет за спрејчево. Спојлер Супер мириса, мене многу освежителен ми е мирисов, ко на сокче од цреша/вишна, фала Богу марципанот не го детектира мојов нос, ама ниту чоколатца со цреши На прв шприц баш ко свеж сок, и со The Comforter исто вака ми се деси да посакам да го пијам На dry down тек дури осеќам ко чоколадо ко благо, ама пак не ко тие бомбоњерите, шо знам. У глобала супер е, не знам за трајноста се' уште, ќе се тестира повторно.
@Mrs. right штом ти се допаѓа, супер, тоа е најважно. Со здравје да си го трошиш. Мене баш-баш на шери чоколатцата ми мириса, благичко и вкусно во глобала. Ќе кажеш колку ќе трае, се надевам нема да разочара. Јас уште го мислам Пампкин спајс, мислам дека ќе се охрабрам да пробам нешто вакво нетипично за мене. Уште мириса хартијата кај што шприцнав, а на кожа исто ми се допаѓа како стои.
Ти благодарам. Предобар! Денес сум прсната од сабајле и тоа баш баш рано станувам, кај 6 и 20 можеби се прснав, се' уште има малку слатка мирисна трага на кожата, а на облека многу поише се осеќа, се разбира. Проектираше можеби едно 6 часа, мислам солидно е за спреј. Поубав ми е од Пампкин, дека понежен, повише грли, посладок. Мислам имам нов фаворит
Сте го пробале ли Junk? Мислам дека толку сум зависна од let the good times roll што на ниту еден друг мирис не му давам шанса
Junk плочката за масажа ми е омилена, ако мириса исто со парфемот тогаш е преубав, иако не ми е баш за ова време, за летоска би бил совршен, само не знам колку трае. На кожа прскаш или на алишта? Јас престанав да прскам на кожа зашто веднаш ми го цица мирисот и ниту трае ниту проектира, особено ако се послаби парфемите.
Немам користено ништо од овој бренд, ама гледам дека сегде ги фалат и на форумов ве читам дека сте задоволни, па како голем љубител на парфеми ме заинтригира да ги пробам. Кој парфем или спреј би ми го препорачале со ноти на ванила, кокос, бадем, карамела.. така слатко да мириса, да биде појак како за овој период, ама ванилата да доминира? @koritsaki можеби знаеш?
@Panda00 ѕирни ги од парфемите Vanillary и Chelsea Morning, а од спрејовите Let The Good Times Roll, Sticky Dates и Yog Nog. Со мирис на кокос мислам дека нема парфем/спреј. Има путер за туширање и путер за тело, некоја комбинација кокос + ананас. И massage bar путер плочка една друга, преубав е мирисот.
Извини сега го гледам тагот Vanillary е ванилест, само може да ти изгледа претежок. Пожелно е да го пробаш. Другиве гореспоменати не мирисаат воопшто на ванила, слатки мириси се Let the good times roll, Sticky dates, American cream, Yog nog и Super fairy( доколку го има во Мк ) пробај ги , мене во последно време спрејчињата за тело ми се потрајни отколку парфемите. Единствено Lust што ми е ептен траен, но овој е цветен не е сладок мирисот
Turmeric Latte парфемот види го, многу е сличен на Тобако ванила од Том Форд. Инаку, фала @carly j што ми помогна да си ја решам дилемата, дека прашував нели пред некое време за „мистериозниот“ парфем што ми го понудија, а не му го запаметив името. Turmeric latte испадна, денес бев да ја решам мистеријата и се почастив.
Дали е навистина траен, и дали остава траги на облека, зашто ко што глеам обоена e течноста. Го мириснав на штанд, и ми е ист со плочката, буквално ист. Преубав.
Многу трае, облеката и во следните денови ми мириса на него. А на кожа кај мене се задржува и повеќе од 12 часа. Вчера на пример, ставив во 8 сабајле, вечерта уште се осеќаа траги од мирисот. Не се погодило да носам посветла облека откако го купив, ама ќе видам деновиве и ќе пишам. Се надевам нема да остава флеки, не би сакала да си уништам нешто од облеката.