Никој од новиве не трае за жал. (Има два исклучока - ама линеарни се и загушливи ми стануваат). А и спрејовите заборавете дека се 200мл. Последните неколку со другарка ми што ги зедовме не надминаа 180 грама, што значи дека се 130 без шишето. Катастрофа. Јас се надевав дека ќе стават некој од другите спрејови и парфеми на попуст, ама ништо.
спрејот snow fairy, hello kitty и super fairy парфемите ми се во иста фамилија, па според мене за трајност и моќност, од тоа што имам пробано на штанд и другарка ми што има: snow fairy спрејот >>> парфемот hello kitty >>> super fairy. спрејот проектира најмногу но може не се задржува многу. хелоу кити проектира повеќе од супер фери, со траење се тука некаде, ама стануваат skin scents. не се трите исти, секако, ама тој е вајбот. како и да е, не вредат за полна цена (според мене ни за половина), ама ако му се купуваат некој со попуст, земете си. штета што не траат ниту проектираат како порано што траеле и проектирале :')
Трајноста преслаба некако 3 сати макс 4. Инаку како мириса да сподели некој за Cherryish? Дали е траен?
Мислам дека е најтраен од поновите спрејови, може малку загушлив зашто е линеарен. Некоја членка пиша дека мириса на тие чоколадните бомбони со ликер од цреша внатре. Се чувствува и бадем/марципан (истата супстанца се користи и за мирис на цреша и бадем, па не може да ги изолираат, само ние различно може да ги перцепираме).
@WhiteCat33 Cherryish мене ми е претраен. Баш така ко што кажа @carly j, чоколадо и цреши. Марципан не осеќам, и сум среќна поради тоа, оти грд ми е тој мирис. За трајноста негова немој да се грижиш, не е ко Сноу Фејри. Сноу ми е баш ко спреј за тело, затоа јас не реков дека му е лоша трајноста, типичен боди спреј, а Чериш е баш траен, остава мирисна трага на облеката, и проектира.
Lord of Misrule, има некој да сподели искуство со спрејов? Мене гелот за туширање, паметам, многу ми се свиѓаше.
Гледам си го зел, јас го имам од лани, гелот за туширање е покремаст ама главно исти се. Само има промена во состојките последнава година-две, некоја серија мава повеќе на црн бибер и пачули, некоја повеќе на ванила. Мојов мава на пачули. Патем, добра комбинација е ЛОМ + Стики и ЛОМ + Турмерик, ме научи еден другар да layer-нувам и реално само така не ми се здосадува еден мирис.
Го имам јас спрејот. Преубав ми е мирисот. Го ставам заедно со Let the good times roll (прочитав на редит вакво комбо) и можеби навидум звучи како too much, ама многу ми се свиѓа како се спаруваат. Така ми трае комбото многу долго. На кожа секако и следниот ден мириса, а облеката со денови. Самостојно нанесен на кожа ми трае по 7-8 часа отрпилика.
Аааа, сега и друг да купувам, и тоа по редовна цена - ноу ноу ноу! Ама добро, ќе си знам, фала на предлог. Уште ми нема стигнато, ама се колнам дека, еве сега, додека пишувам, на психичка база ми замириса на лорд оф мисрул ахаххахаах.
Добра идеја за Lord of misrule + Turmeric latte. Не ми текнало, а има смисол според нотите. Ќе пробам и јас, фала за комбото. Можеби треба да се проба (ЛОМ) во комбинација со Пампкин спајс, ама се плашам да не дојде ту мач спајси мирис.