Бил дури поблаг од гелот, така да ќе биде тежок летно време. А другиот мириса како кремата за сончање. Патем, тешко да траат долго зашто овие два, меѓу други, се забранети во Калифорнија и (мислам) Канада поради содржината на алкохол. Лаш не ги почитуваат законите таму, односно спрејовите содржат повеќе од 75% алкохол и не сакаат да ги реформулираат. Тоа значи дека има многу малку етерично уље, па сите овие се разводенети (главно со алкохол и вода) и нема да траат многу како повеќето нови спрејови и парфеми ако сте забележале (со ретки исклучоци).
Million Dollar Sun Cream - Крем со заштитен фактор за ...lush.com.mkhttps://www.lush.com.mk › product
Ги мириснавте ли новите? Има попуст на некои од старите, но не ми се исплаќа пак. Ако не е на 50% нека си ги чуваат. Очигледно не им се трошат. Требаше уште во јануари да ги намалат како што прават другите франшизи на Лаш.
Вчера баш гледав. 3-4 се само на попуст и пак се скапи. А мирисаат како освежувач за соба. Ич не траат. Па за тие пари ќе најдеш нешто подобро и во ДМ. И само тие најгрдите се на попуст. Општо спрејовите и парфемите нивни ми се чудни. Сакав да им дадам шанса, ама мирисаат сите или многу тешко или многу грдо. Не сакам јас овошни..
Сепак не. Ќе морам да се демантирам, дефинитивно не ми се свиѓаат нивниве производи. Преценети ми се, реално. Не вредат до толку, не се ништо посебно спрејовите, а да не зборам па за други производи од типот на лосиони, гелови за туширање, пилинзи, регенератори за коса и сл. Воопшто не вредат за парите. Јас сакам јаки парфеми, ама овие дури и за мене се too much. Ltgtr ми е згаден, скоро цела зима се прскав со него и ми се згади од мирисот. За траен, траен е ама стварно ништо посебно. Дефинитивно не би го купила пак, а и генерално не верувам дека би купила било што од нив.
Исто мислам. Порано ми беа не опсесија, ама некако интересни, ги сакав.. ете ми помина. Излегоа подобри производи и брендови со исто мото, природно, органско, веганско.
Баш така. Не знам, може и ја имав некои високи очекувања со оглед колку беа вирални нивните спрејови. Може и ствар на вкус е, на некој му се убави а мене еве за брзо ми здосади мирисот, претежок, да не речам загушлив а љубител сум на интензивни мириси и ретко да ми смета некој парфем. Од Let the good times roll буквално ќе ми се слошеше, а ја не штедам кога се прскам. Супер Милк ми е исто преценет, ама у буквална смисла преценет. Мирис на лимонада за 2500, па може и повеќе беше. Едино можда Стики Дејтс им е така поубав, али пак за цената ништо вау. И никогаш немаат реални попусти, -100 денари не е попуст. Боље ич да не стават, него толку малку, колку да се рече дека има.
Реално да. Темава е за спрејови и парфемчиња, но од брендов едино ми е разумно да земам пилингче, чистач или маска за лице. А спрејовите.. хмм за тоа ако плаќам таква цена нема да биде Lush. Karma парфемот ми е само купен и тоа на слепо, без да пробам бидејќи беше фален. Мирисот беше убав, ама ништо специјално. Не би купила пак.
реално... Јас од ФОМО купував демек лимитед па да не испуштам, и еве скоро никогаш не ги употребувам. Понекогаш Avocado Co-Wash зашто не е многу нападен. Другиве ми се здосадија. А и скапи се за спрејови. За тие пари има еден тон арапски парфеми/клонови, па и други брендови. Инаку, еднаш мислев дека нешто ми мувлосало дома, ама тоа сестра ми се прснала со Лорд оф Мисрул. Со тек на време само земјените ноти останаа во спрејот. Плус има многу разлики во разни серии, и во траење и во профил на мирис, а не можам сега да си баам или на кафе да гледам дали серијата ќе ми се погоди или не. Секако нема враќање на купен парфем/спреј од кај нив.
Тотално си во право. Мене на Lush ме навлече пријателка американка. Престојуваше тука 5 години преку Peace Corps и она стално купуваше, со неа бевме и прв пат видов дека даваат тестери она кога си побара. Мене немаше никој ми понудено, па затоа и јас почнав да си барам потоа. Она купуваше стално, и еднаш ја прашав дали се исти тука и во Америка. Рече дека не знае, некои од работите овде и ги немало, а овие што ги имало не можеше да процени за сите. Toothy tabs не биле исти дефинитивно. И јас ги земав, помагаа за избелување на забите но ужасно ме печеа гингивите па престанав да ги користам. Она не купуваше парфеми и спрејови, земаше производи за лице и тело.
Дали го пробал некој Stormy Weather да сподели импресии околу мирисот? Ме заинтригира пошто гледам е еден од ретките на Лаш шо не мириса како слаткарници, торти, бомбони.. според профилов на фрагрантика баш е по мој вкус ама со Лаш никогаш не се знае, не сум од Ск да одам да го тестирам за жал.. дали е тежок? каков е за ова време?
Не е тежок, ама не знам дали е летен - повеќе ми е како за меѓусезона некако. Јас летово планирам да го дотрошам Sakura. A му се запнав и на Sex Bomb, тој ми е класика за овој период и општо за пролет-лето. The Comforter е исто убав, летен мирис.
Ако ве интересира, од оваа година Лорд оф Мисрул е сменет а никаде не е наведено. Ставаат поефтини состојки, ги разводенуваат, а цената останува иста, ако не ја покачат дури. Наместо пачули од Суматра има ставено некое рандом, и додадени се лимон, бергамот и јасмин. Не ме чуди и со други спрејови ако го прават ова. И со Твајлајт/Слипи има промена иако не е наведена и велат дека е истиот мирис. Го мириснав и новиот Cinnamon Spiced Latte, врска си нема. Не знам дали го има кај нас на штанд. Гаден е скоро колку минатогодишниот. Мириса на чад од цигари, малку заблажен.
Кој беше тој од лани? Cinders? Знам дека тој корнеше на цимет, грд ми беше. Ама ја воопшто и не сакам цимет. Значи не вреди да идам и да ги пробувам.. Од тобако мирис ни останува Turmeric Latte, имам уште прилично доста Толку е јак и не е мој прв избор, а пак има нешо интересно у него. Овие ги имаш мириснато? Парфемот и спрејот? Исто и овој го видов, кај нас го нема Мене на праски ко да ми мирисаше, овошно и слатко, на разни овошја излеа, пријатно, али да, не би траел секако таков, 2 ипол илјади бе Заклучок - од сите пробани и купени до сеа, LTGTR, The Comforter, Sticky Dates, Honey и Snow Fairy малце, ми се свиѓаат уште, како и Turmeric и No way to say goodbye од парфемите, а све друго ми беа пари фрлени за ништо, буквално. Ова за мирисите важи пошо темата е за нив, има уште некои продукти кои беа океј, све друго навистина разочарување, се прашувам како само се лажев толку.. Cherryish можда исто е поквалитетен, но напорен ми стана, посебно од кога секој 2 ден го користев скрабито со истиот мирис.. Ќе видам на поладно време дали ќе го поднесувам, убави ми се коа ќе ги купам, за кратко здосадуваат.
Да, спрејот е како Милки Бетх, безвеза е и не трае воопшто. Спрејот исто не трае многу, само на почеток проектира малку, мириса нешто како сангриа измешано со сајдер, како некој ферментиран алкохол од шумско овошје, има и нешто пудресто и благо ама и кисело и ферментирано. Ајде другите одете на штанд кажете нешто, или толку беше опсесијава со Лаш на сите Знам дека пак купувате штом имаат толку промет.