Ве прочитав тука и отидов да проверам - на мојот LTGTR најдолу десно со ситни букви пишува invented and made in UK, така нешто, а купен е лани околу Нова година и ми мириса најпрекрасно, нема кој ме нема прашано што парфем е или кој мириса вака добро во собава ? За на кожа директно трајност не знам, само зимата го користев, а претежно ролки носев. Трае на алишта дури не ги испереш, корпата за алишта после цела мириса ко ќе ги фрлам за перење. Остава мирис дури и да поминам негде или само влезам/излезам. Ова ми е прво шише, ако овој вака мириса, како мириса тој произведен во Хрватска ?
Баш така мирисаше и тој од Хрватска, јако сите коментираа за мирисот. Е сега една членка погоре постираше дека тој направен во Англија е сменет дека не трае толку како тој што е хрватскиот.
Јас ги имам LTGTR и Sticky dates и иако на двата пишува дека се произведени во Англија, премногу има разлика во трајност. Од LTGTR два пати да прснам е доволно и се осеќа со саати а Sticky dates се потурив пред некој ден, уште малце ќе земев и да го пијам од што нема кај не го прснав и пак џабе. Немам ни добиено комплимент дека мирисам кога го носам . А со LTGTR за кожа ми се лепеле луѓе од што им е убав мирисот. Штета огромна бидејќи најсовршен мирис ми е Sticky dates од се’ што имам мириснато у животов.
Па кој знае, треба да се проба само што не е се уште достапен ете. Јас не би го купила сега за сега, веќе имам доста мириси уште Twilight го трошам, а сега скоро ги земав Yog nog и Lord of misrule
Зависи кој batch, ако можеш прочитај ги рецензиите за новата серија од UK, а има некоја случка со фабриката во Хрватска, па сега се е префрлено во UK. Дај да се молиме дека нашиот што ќе стигне ќе биде убава серија (и онака секоја е различна) а не нешто за граѓани од последен ред Прочитав дека за некои производи немале доволно етичко произведени/исцрпени состојки, а знаат дека им се барани спрејовите па ги разводенуваат со цел да бидат достапни. Подобро да чекав една година отколку да го добијам (како што беше со Стики) и да се разочарам од траењето што било нуклеарно во првите серии кога бил Community launch. Исто и за Yog Nog варираат сериите, некоја серија е кремаста ванила, некоја поцветна, некоја позачинета. Зависи и кој ја формулира таа серија, иако наводно го следи истиот рецепт.
Патем, за пример, Споредете ЛТГТР наспроти Стики, концентранцијата на состојки (првата од лево ја има најмногу, а кога во Стики парфемот доаѓа ПО глицеринот тоа диктира колку ќе проектира/трае, т.е. Колку нема во случајов) ЛТГТР (парфем пред глицерин) Стики (парфем по глицерин, во првите серии парфемот беше втора состојка по концентрација)
Како ќе ти се погоди, можеш да видиш нели назад од кој е направена, а наеднаш прават (полнат) сигурно стотици, ако не илјадници производи. Треба да споредуваш според датум/човек, па мачно е.
Веќе ти дадоа некои препораки. Ако ти се допаѓа мирисот на пез бомбони од лимон, Avocado Cowash, иако ги имаш и другите што ти ги наведоа, но мене тие ме асоцираат на освежувач за соба-кола-веце. Кој било цитрусен парфем земи го, нема да ти трае подолго од тоа. Цитрусот е обично во top notes баш поради таа причина, не трае долго, за разлика од дрвени, мошусти, ориентални ноти.
Спреј за тело: Let the good times rolls гледам премногу е фален, но какви се honey i wash the kids и lord of mistrule? *Обожавам благи работи, само да не се цветни. Мирис на карамела, ванила.. И какви се со трајност?
@TammiB5 Honey I washed the kids е благ мириса на мед Lord of misrule го имам и мириса на пачули Yog nog мириса на крем бруле, на топла ванила , моментално сите алишта ми мирисаат што сум ги носела последниве денови LTGTR го нема џабе и да сакаш да го купиш
Lord of misrule ми беше прејак некако, затоа го чекам LTGTR да стигне мислам дека многу ќе ми се допаѓа според пишуваното тука и видеата на тикток.
Во среда кој ќе отиде најрано да провери дали нашата серија на Yog Nog ќе биде добра исто така и за Chelsea Morning А исто и со Стики, што ако мириса исто како ЛТГТР нема потреба да се купува ако го добијат кај нас во јануари.
спремни сте за утре? ако помине некоја наутро накај штанд нека пише импресии, јас дури вечерта ќе одам
Не, ќе им пристигнат утре спрејовите што ги чекаме. Затоа сме возбудени. И јас ќе чекам онлајн па кој отиде прв нека даде зелено светло дали да нарачаме.
Чекам рецензија јас не нарачав спреј, за прва нарачка го зедов super milk, aromaco део и angel шампонот, исто им пишав да ми пратат тестерчиња после толку читање тука конечно да ги испробам нивните производи