Yog nog кога го прснав на коњска маст ми мирисаше. Премногу јак мирис, тек кога изветреа малце осетив благо ама и таа некоја нота на ментол. Воопшто не ми се допадна, нема допирна точка со гелот за туширање. But maybe its just me . Ќе се прекупат LTGTR и sticky.
Треба да земете % сите од тука шо рекламирате. Едно мало богатство чинат производите. А можеби и јас ќе си купам нешто, гледајќи ја фамата…
Се согласувам, 20% попуст барем. По тотал пост логистик Lord of Misrule се прснав еднаш, пред 4 часа. Уште проектира ненормално, не знам која клетва е ставена на спрејов. Само уште да ми се допаѓаше пачули. Очекував ЛТГТР да трае повеќе (на кожа, на алишта секако дека трае), 2 часа траеше и сега остана само skin scent. Сепак доста подолго трае од Стики.
@Hellobeautiful како бе на маст ти мирисало мене ми е многу убав мирисот, ама ќе посакав да добијам коментари како за LTGTR
Дечки, јас денес штом пишавте дека е достапен онлајн за нарачка си порачав LTGTR и си го подигнав од East Gate и кај мене стои Invented and made in England, значи мешани се Попрскав на капутот, ќе ви кажам утре дали ќе остане нешто од мирисот
Немаше врз тоа етикета каде што пишува дека е (не знам точно што, ја одлепив) произведено во Хрватска? Кај мене на шишето на црната лепенка пишува Invented & Made in England. На белата етиката врз него стоеше Хрватска.
Нов е спрејов? A што пишува горе на декларацијата? И мене не ми е јасно зошто на нашата декларација (белата) пишува произведено во Хрватска. Зошто би лажеле? Да не ги прават шишињата во Англија (зашто имаа дефект во Хрватска до скоро) па да ги полнат во Хрватска? Обратно би немало смисла. И на мојот Авокадо истото го пишува, патем, но од летово.
Сега скоро го земав. Едино стари декларации ако имаат не знсм што да кажам. Оригиналната ми е порелевантна. На нашата исто пишува Хрватска
A и реално па не ни ми е битно, се додека е океј производот, ако сакаат во Идризово нека го прават. Може ова им е начин да одбегнат некои царини.
Не дека ми е гајле кај ги прават, него некои ги поврзале лошите нетрајни серии со тоа каде се правени…па затоа Се надеваме дека ќе добиеме од старите проверени, а на тие пишуваше хрватска, па затоа
Кај мене нема воопшто наша декларација, нема ништо плус залепено, само на тоа оригиналното си пишува England. А порачав и сапун плус, на него има наша декларација и таму вика произведено во Хрватска. Еве не знам..
Луѓенцаааа, ми се јави курирот. Стигнала нарачката од Лаш. Се изненадив колку брзо. Едвај чекам да ја подигнам.
Мене спрејот ми мириса на Baileys. Преубав е, само и мојот е invented and made in England. Не знам како мирисал тој од Хрватска но прво малку удира на алкохол, потоа ептен убаво мириса, дали ќе трае ќе видиме.