Не, ЛТГТР . Стики лосионот го нарачав ама тој не ми е стигнат уште, прво направив нарачка во паника за ЛТГТР, потоа втора за стики лосион и лорд оф мисрул путерот. Фала иначе.
И јас од сабајле сум со ЛТГТР, ми се јаде благо, ми се плаче. По колку пати прскате иначе? Ако можеш оди и прсни се со тестер види. Дефинитивно трае повеќе од Стики Дејтс, но помалку од Лорд оф Мисрул. Сепак, повеќе и од некои парфеми што ги имам.
Е кај овие гурманскиве мириси лошото е што апетит отвараат јбг.. Мислиш најубавото колаче е пред тебе. Јас знам доста да се напрскам, еднаш во денот ама неколку пати да шприцнам.
И мојот ЛТГТР стигна. Не е така јак како што очекував според описите Слободно може да се носи преку цела година. Баш се осеќа мирис и на путер и не е воопшто тежок. Не знам каков очекував да мириса ама вака не Во секој случај не е лош. утре ќе го чекам Стики, дрим крим и маск оф магниминти
Јас само на облеката ставив и вака е стварно траен. Avocado co wash дали трае? Сакам и друг спреј да си земам. @ana-sweet според мене вреди, за 1800ден имаш 200мл, може да се бањаме со него. А за траен траен е, како што пишав сабајле прснав 3-4 пати на облеката и еве уште мирисам. Поскапи парфеми што имам не се трајни волку.
Авокадо јас самостојно не го прскам периодов можеби на лето. Додека не изветрее ми е преубав, лимонада со многу шеќер ми е мирисот. Ем лимон ем благ. После добива некоја друга нота што и баш не ми е за парфем.
Паа можам да кажам дека има некои 15-20% од мирисот останато и после повеќе од 24 часа, ама треба да го надушкаш онака, не е да се шири мирисот, ама не е ни дека е испарено скроз. По мене искрено баш се исплати, еве денес сум од 7 саат сабајле прсната само два пати (не се ни бањав со спрејот ко што си знам) и уште си го осеќам мирисот солидно.. не знам другите околу мене дали осеќаат, битно мене убаво ми е Да сте живи и здрави, сте ме просветлиле, прв пат го пробувам
Како ќе ја отвора, наваливме ние, навалија тие што не читаат На работа ги заразив и нив, кој млека, кој гелови само носи каргото Денеска надежно или утре да ми стигне спрејот Лорд и за колешкиве остатокот
Ни недела не помина од кога е добив првата нарачка и веќе ми е полна корпата за следна овие дефинитивно ставаат некој органско addictive состојка во производите
Или некоја магија ни фрлаат како зараза да се шири. Ќе ги пријавам во МВР! Патем, вчера се изнашприцав со парфем и два пати прснав ЛТГТР за комбинација. Мислев дека се изветреа се‘ додека пред 5 минути некако добив whiff од ЛТГТР. А од парфемите ништо. И дај малце кријте од кај ви се работите не мора да дознаат сите, после ќе нема за нас.
Стики е одличен! Мило ми е што решив да го нарачам. Кафе, карамела… некој спомна Бејлис. Преубав за сезонава