Во каталогот на Зегин видов дека парфемите на Алкалоид се на попуст. Во другиве теми на форумов, Лола на Алкалоид е изгласан за прилично омразен парфем . Јас го имам користено Queen Code и не ми се виде лош. Но, другиве не сум ги користела и не сум ни видела каде може да се мириснат, никаде немало тестер по парфимерииве. Дали некој ги има користено Nirvana, Jeunesse или My verity? Коментар ако може
И јас го имам Куин код и супер ми е , само многу е јак кој не сака јаки парфеми не му го препорачувам Јас сакав да прашам за машкиот Кинг парфем дали е добар , дали некаде има тестер да се помириса , сакам да му го купам на мм да проба наш македонски парфем
Мене Kingот поише ми се допаѓа него Queen пример,го имам однесено на подарок на другар што му се допадна ама и плус мајка ми го има подарено на нејзини пријатели повоздрасни, голема разлика на генерации па им се допадна и на двајцата. Приступачни цени имаат околу 500-600 денари, мислам. Солиден квалитет, не0о не очекувајте трајност како Hugo-Boss. За женскиов кралицата пред да го сменат пакувањето не беше толку јак, бсш брше пријатен, мајка ми го корситеше како измеѓу резерва, кога ќе и се потрошеше NOA зашто само тој го користи. Сега е поконцетриран и мириса многу појако. Убави им се новиве опаковки, елегантно изледаат. Се освен кинг и квин е тешко ѓубре. Значи толку се лоши што срам ти е да им ги подариш на луѓе, зашто смрдат. Лолитата посебно, имам дома 4 неотпакувани, никој не ги сака. Мајка ми се смее дури и срамота ми е да фаќам врски у државни институции со таков поклон, бетер ќе ми згреши нешто
Лола беше на времето хит, бар јас паметам дека кога бев основно и средно сите мајки, а богами и девојчињата се прскаа со Лола, имаше и парфем и дезодоранс. Мирисот уште ми е во носот. Знам дека парфемот беше имитација на некој од познативе парфеми, ама не ми текнува конкретно на кој (се ми се чини дека се работеше за Трезор на Ланком, ама не сум сигурна, не сум го мириснала да кажам дали е тој). За Квин можам да кажам дека е ок, а за другите не знам. Машките воопшто не знам како мирисаат, ама мислам дека парфемите на Алкалоид се во глобала премногу концентрирани и не би ги препорачала.
Дечко ми го користи од време на време, и супер е. Мое мислење за Кингот И квинот е дека се многу неутрални парфеми. Пример сум се прскала со Кингот, без да добијам коментар дека користам машки парфем. Да се разбереме ептен ретко, ама ептен
Спојлер: сатва Од Алкалоид ја имам користено само белата Сатва,така ја викаат тогаш,и многу беше свежа и впечатлива.Сега не знам дали се произведува воопшто.
^Ја има, дури мислам и со истата амбалажа. Проблемот е дали е за наш пазар или за извоз(добар процент од парфемоте се стрикно за извоз, пазар Косово, каде оделе како алва)
Се продава ли Queen Code некаде? Барав, никаде не можев да го најдам. Слушнав дека престанале да го произведуваат. Го имам користено и дефинитивно е еден од најдобрите парфеми кои ги имам користено. Исто така, Dreams беше многу добар, во виолетово пакување, ама уште како малечка го имав, сега не верувам дека уште се произведува.
Queen code go kupiv 550 .. Ako e nekoj zainteresiran, ako go saka a nemozhe da go najde kje mu go prodadam kje se dogovorime po kargo za 300 den