1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парфеми на точење

Дискусија во 'Парфеми' започната од bilkata, 18 јануари 2010.

  1. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Споделете ги вашите впечатоци за парфемите на точење и копиите на поскапите парфеми од познатите марки.

    • Сметате ли дека се доближуваат до квалитетот на скапите парфеми?
    • Кога имате ограничен буџет, дали купувате копија на скап парфем или претпочитате да ги потрошите парите за парфем од некоја марка со попристапна цена?
    • Имате ли омилен парфем на точење?
     
    На Elen.b му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Омилен парфем на точење: Хот Котур дефинитивно
     
  3. anije

    anije Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    39
    ммммммммммммммм ванила ;)
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    имам користено да и не е толку лошо омилен ми беше Chanel 5
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ауу никако! Како помала имам купено, и буквално имав ИЗГОРЕНИЦИ на вратот со само едно нанесување, па неколку недели се мачкав со креми дур ми заздрави кожата. катастрофа се, не ми паѓа на памет некогаш да купам такво нешто.
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699

    Да не ставаше во лето,директно на кожа а притоа да си била и изложена на сонце ???

    Инаку парфеми на точење користам и сум доста задоволна. Го пробав и Ричи Ричи од Нина Ричи,но на почетокот не ми се допаѓаше мирисот,меѓутоа ми стана интересен и многу го засакав :) .Исто така и супер се cool water од davidoff и light blue - dolce gabbana. :)
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    a ovie parfemi na tocenje se nesto slicni na originalot ili kako?
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Немам користено на точење затоа што имав слушнато дека имаат голем процент на алкохол,па некако шубе ми беше да не си ја исфлекам кожата.
    Инаку,другарка ми користи долго време и се кладевме дека нема шанси оригинал со на точење немаат две допирни точки,јас изгубив.Смешно споредивме,ама кладба е кладба.Во јуник со оригинал јас,во рефан со копија таа,отидовме на кафе,мирисот еднакво се развиваше и еднакво мирисаше,искрено.Купува од рефан доле во гтц и немате поим колку верно се направени,а траат дури и подолго од оригиналите.Да достискам од овие што ги имам,па планирам да се опремам за евтини пари со супер парфемчиња.
     
    На bambuca и aleksandra-gates им се допаѓа ова.
  9. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    I jas go imam koristeno Chanel 5 na tocenje isto od Refan i prezadovolna sum dolgo traese mirisot...sega mi e potrosen ama planiram pak da si zemam a i nekoj drugi parfemi na tocenje, za drugi parfimerii na tocenje neznam ama od Refan odlicni se
     
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Чим рефан го фалите и јас ќе видам :) Иначе дечко ми на точење го има One Million , супер е .. и јас си го ставам од време на време хахаха :D
     
    На ivona29 и LadyBug.k им се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    kolku cinat vakvite parfemi?
     
  12. principesa

    principesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    101
    vo refan se 50 denari 10 mililitri
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    43.722
    Си купувам, не често, но кога сакам да испробам некој бренд, прво се обраќам на копиите ;)
    Единствен кој ми траел и дефинитивно ми одговарал на кожата и не ми правел проблем, е Аква Воман, кој го користев цело лето, и после си го купив оригиналот.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    И јас си купувам од Рефан парфеми на точење и сум многу задоволна... ги имам повеќе и ги менувам... единствена мана им е тоа што може да се случи да не држат некој парфем повеќе, и да мора да си го купам во оригинал... тоа ми се случи со Versace Crystal Noir ;( ;( ;( а го обожавам тој парфем... и сите викаат дека ми прилега... а ми мириса на слатко од смокви... зелени ;( ;( ;(
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Најдеќе држи Ричи Ричи барем од тие што ги имам пробано. :) Ставив на една марама уште пред една недела.Денеска ја ставив истата пак и сеуште мирисаше. :D
     
    На Tamarche92 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tei4

    tei4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    И јас користам точени парфеми од Рефан...го користам J'Adore на Кристијан Диор и можам да ви кажам дека е потполно истиот мирис, бидејќи пред тоа го имав оригиналот...Рефан се навистина добри... :D :clap:
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Јас порано имав во близина парфимерија... немаше многу голем избор и затоа секогаш си земав Cool water од Davidoff, а и многу ми се допаѓаше! Ама откако ја затворија не сум купила на точење, убаво што ме потсетивте може да се земе нешто неиспробано на точење! :)
     
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Сум користела,некои се убави ,некои не!Но дечко ми еве веќе неколку години користи Joop,и искрено позадоволен е од тој на точење,отколку од оригиналот.Му имам купено дав-три пати оригинал,не трае како тој на точење :worried:hock: дури чудно.Затоа не се оградувам дали е скап или пак во шишенце на точење,дури и ми се практични кога ќе ме фати манија по парфеми односно кога ги трошам многу брзо.Рефан стварно се добри,додуша не знам јас некој друг производител.
     
  19. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Зависи кај купуваш и каков промет има парфимеријата. Некои ги мешаат со детилирана вода и треба да го испрскаш пола шишенце за барем малку да мирисаш, а оние кои не ги практикуваат овие далавери се ок. Неколку пати имам купено на точење и задоволна сум, зависно од парфемот со какви ноти е, но траат во текот на денот во секој случај.
     
  20. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    а ќе може да ми кажете некоја продавнуица кај што точат добри,не сум купила до сега а некогаш ми треба резерва шишенце :D