Јас вчера земав 10мл од Рефан да го пробам. Со се шишенцето ме фати 80 денари. Вака мириса скоро исто како оригиналот, ама вчера се прснав на рака за саат време изветреа, али ок за тие пари доволно е и ова Само некако сега кога го мирисам многу јак ми доаѓа, баш ќе видам дали ќе го издржам на себе
во гтц доле,првиот пат го земав 180 со шишенце и сега само го надополнувам за 150ден, да не те излажам ама мислам дека е 50 ml
Да 50 мл е,инаку треба да чини 250 ама имаат намаление (за стално) и е 150 денари.Доколку сакаш од нив и шишенце +30денари.
^ Е баш ти фала А тоа капките за појако да ти траат, по колку обично треба да се стави пример сакам 50 милилитри? Да не се брукам таму
имаш шишенце од 50 мл и од 10 мислам....ама поголемото пакување секогаш се исплати повеќе....ако мислеше на тоа,пошо не те сфатив најдобро
Мислев тоа капките што се ставале за да траат повеќе парфемите, по колку ставате парфем од 50 милилитри? И дали воопшто зставате, некој така напиша дека имало такви капки, јас немам ич искуство со тоа затоа ве прашувам вас, прочитав на форумот продавачката не била ич љубезна, па да се расправам таму, да идам скроз подготвена
јас имам доволно искуство со реффан парфемите на точење мозам слободно да ви ги препорачам сите се убави на свој начин зависи до вкусот слободно мозе да си ги набавите во васата најблиска продавница јас имам многу слушнато сто се залат од таа продавница во ГТЦ дека брзо ветрееле јас си ги набавувам во тинексот во ѓорче горе на спрат и сум многу задоволна и има секогас супер избор и машки и зенски поззз
поефтино е дефинитивно а и никој нема да знае дали си стаил оргинал од 300 евра или од шишенце од 120 денари..
какви се тиа капки?... јас првпат слушам дека имало посебни капки-тие ги додаваш во шишенцето со парфемот надохнадно, или ...можеш да објасниш?
воопшт не ветреат ,и мене ми имаат така многу зборено ја користам скоро секогаш од рефан,добро освен понекогаш што ќе ми текне било каде да купам ептен траат,и не ми мирисаат на алкохол
Рефан ми се цареви за парфеми на точење. Искрено, и не сум користела др. парфеми на точење освен Рефан, но имам мириснато од др. парфимерии колку брзо ветреат парфемите. За целиот избор на парфеми само пофалба, јас од Рефан редовно си го земам од Нина Ричи, Premier Jour, и ми се допаѓа. Го користам скоро година дена.
Рефан не чинат според мене,иако порано од кај нив сум полнела.Се откажав од овие на точење бидејки полнев на секој 3 ден и кога ја пресметав математиката ми искочи дека подобро е да си купувам оригинали(ем помалце ке прскам и подолго ке ме служи,ем е оригинал мирис). А иначе полнев во гтц доле,после рефан една парфимерија(карши зегин е одма),и имаат потрајни и оригинални мириси отколку рефан каде ги мешаат со вода и мирисот во последно време е страшно расипан Сите мирисаат ко ефтин бугарски парфем,додека овде имаат и поголем избор и подобар квалитет. Ви го препорачувам Омниа (има страшно идентичен мирис со оригиналот,и најголеми мангупи и фраери ми го пофалиле,а беше парфем на точење ) и исто лејди милион исто со многу сличен мирис на оригиналот, и исто ми беше пофален од девојка со добар вкус,и препознаен од околината како оригинал,не се ни посомневаа дека е на точење дури и другарки што го имаат оригиналниот.
Не купувам од Рефан, земав еднаш и не бев нешто многу задоволна, но затоа ги препорачувам парфемите на точење во Ри-Ма, во Бисер. Дали во старата или во новата продавница, сеедно е, навистина се одлични. Првото шишенце не траеше посебно парфемот, јас инаку го земам Black XS на Пако Рабан, ама затоа последниве неколку... буквално парфемот се чувствува и после 10-тина часа. И мирисот е скоро идентичен како оригиналот. Зависи и од пратката, т.е. серијата. Не секогаш и ним им се погодуваат добри.
Јас на точење обично си зимам летно време кога одам во Охрид,во една парфимерија и многу им се трајни и по јаки се кога ќе ставам цел ден ми трае парфемот.Баш летово си земав Булгари омниа и преубав е.А,сакав за рефан да казам вчера бев си го купував гелот за туширање од лаванда и ми дадоа тестер од dolce & gabbana l'imperatrice.Многу е убав парфемов,се заљубив.Тој ми е следен да си го земам од Рефан.
мислам дека не точат вакви парфеми,поточно од овие компании -авон/орифлејм, знам дека го има во Авон само,не сум го видела ни во големиве парфимерии,ама распрашај се низ парфимериите ако ти треба ептен