Омилени на точење ми се сите на Refan ги има во Струмица за друго место незз инаку моментално го користам Refan од лимон
^^ Ги има во цела Македонија парфемите од Рефан Јас последно си го земав Гилти, ама не е некако траен, Еуфорија и Вери Инрисистибл ми треаја повеќе, изгледа ќе треба да му ставам повеќе капки, не знам
После долго време на користење Premier jour од Нина Ричи од Рефан, решив да сменам нешто со парфемиве на точење, па земав од една парфимерија во К.Вода близу Борис што е, 10 мл за 35 ден и го земав Gucci Rush, и многу ми легна на срце, денес си напунив цело шишенце од 30 мл да си имам. Мх, мх, многу лепо ми мирише. А и момчето ми го харесва. То ми се допада. :up:
Го има некој земено парфемов на точење? При крај ми е, не ми се фрлаат 4000 ако е добар тој на точење, а преубав е
Денеска си земав 10мл за проба boss intense,од тоа после рефан што е.Ми кажаа дека 1мл од капките е 80 ден.Одприлика на 50мл парфемче оделе 3 капки или 3мл. Јас капки не ставив,за да го пробам прво парфемов пошто го немам мириснато,и се заљубив преубав е.Нареден пат со капки
Значи ја поминав темава и сега сум во тотална збрка Прашањата се: Каде е Рефан?( во подрум во трговски тоа спроти кинеската продавница?) Која е таа парфимерија спроти зегин во гтц? ( спроти зегин на приземје во гтц е k.i.m , а таму нема парфеми на точење) Ај ве замолувам за одговор.... Фала
Не можам да се сетам сега каде е Рефан во ГТЦ... Ама , со сигурност знам каде е истата продавница во ТЦБуњаковец. Веднаш до Венеција кафичот има цвеќара Нена, а до неа има пролаз.Влези во пролазот и од десна страна ќе го видиш Рефан. Ако ти е продавницата на оваа локација од помош
Јас од парфемите на точење сум засега задоволна Најмногу ги користам парфемите Hipnotic и Ricci Ricci
Вчера ја читав темава и се решив да одам во Рефан. И го купив Play од Givenchy и радостии сум затоа што е потполно ист како и оригиналот е сега помалку трае па планирам да ставам од тие капките.
И јас купувам парфеми од Рефан и ме заинтересираа капките за кои сте пишувале. До сеа не сум ставала и може ли некој да ми каже какви се тие капки и дали стварно парфемот подолго трае?
Капките се 1мл 80 ден.Јас имам само масло и трае,што значи ако ставиш во парфемчето сигурно повеќе ќе трае.На точење земи си од Рефан а капки имаш во Делта ароматик горе во гтц(на 2 мислам). Обично оди ма 10мл парфемче 1мл односно 1 капка.