Вчера бев до Рефан во буњаковец и прашав за капките и продавачката ми кажа дека капките уствари веќе се содржеле во парфемот...
Користам парфеми на точење. Мирисаат сите убаво, неможам да издвојам ни еден најубав. Парите си се таман
И јас прашав во рефан во ГтЦ и истиот одговор го добив,ако сакаш капки во Делта Ароматик,80 ден е 1мл.
Во гтц на 2 спрат мислам беше,имаше порано бижутерија на тоа место,до бутикот Капитал мислам се викаше.
Феминки каде може да најдам квалитени парфеми на точење?Јас се некои бош ги погаѓам и траат 0,002 секунди! Сакам подолго да траат и да се убави!
Во рамстор одма до тој чичкото што црта карикатури има парфеми на точење, ептен долго траат а има и голем избор, 50 ден е 10мл.А имаш и во гтц рефан
Зависи кај живееш јас си купувам во горче во тинексот горе на спрат има на точење и сум многу задоволна ако те носи пат натаму куписи нема да згресис има и доста избор
Јас си го купив Dior-Addict ... многууу убаво мирисаа а планирам и да си го купам Ricci Ricci-Nina Ricci
Последно си зедов парфем на точење - Black Xs и многу убаво ми мириса. Следен пат пак Иначе не го имам мириснато оригиналниот од Пако Рабане, но сепак кога вака убаво ми мириса (совршен за на зима е) немам гајле
Користам вакви парфеми воопшто не се скапи и за секој ден на училиште супер се.Најмногу ми се допаѓаат:Lovely,Nina Ricci,Vanila и други многу се
Angel и Наоми Кембел најубави.... порано имаше еден Џангл мислам дека се викаше,ама не сум го побарала подолго време незнам дали го има уште
Ме ставивте во мисла читајќи ја темава и си купив и јас Го зедов Play. Трае. Мене ми мириса многу блиску до оригиналот (или само си замислувам дека ми мириса). Мајка ми ми го пофали дека трае, а брат ми ми рече дека се познавало дека не е тоа-тоа. И сега цело време си мислам дека мирисам на ефтин бугарски парфем Како и да е, вреди за 120 денари.
Девојки,да не знае некоја каде го има парфемчево на точење ? (Shalimar-initial) Го барав по неколку парфимерии на точење,ама го немаа,да не видел некој?
До сабајле го користев Бритни,ама денес ми се дотроши па прееска наполнив СЕ ЗА ЕВА...така се вика мислам...нежно мириса