Мајка ми постојано точи , некој Габриела Сабатини , Кафе , Ванила .... и кој ти знам ... ама по трајни се мислам
Јас постојано си точам. Обично користам хипнотик ама поледниов пат немаше па земав лејди милион кој исто така ми се свиѓа. Мирисот е сосема ист како на оргиналот и не изветрејува брзо како некои..
Зависи колку милилитри е шишенцето што ќе си го носиш,а безразлика кој парфем го одбираш исто кошта,јас имам шишенце од 50-60 мл и 60 денари ми земаат.
Нема шанси 50-60 мл за 60 денари.1 мл е околу 5денари (зависи каде) и шишенце од 10 мл е околу 50 денари.
^ Bo Peфан 10 мл е 50 денари. Jас си го земав Eу(ју)фориа од K.Kлајн од Pефан. Kога не можам да се сладам со оригиналот, копијава ми доаѓа одлично. Hа дечко ми му бил многу јак, и вика дека е зимски, не ми личело за вечерни излагања. 3нам експерту мој, може оригиналот нема да биде толку јак . . . ако ми го купиш, не?
Е сега незнам точно и јас колку мл ми е шишенцево Не го мерев Јас си полнам парфеми од Шарм (прилеп) Како и да е нека си земи некое помалечко шишенце па кај и да појди сигурно од 100ка нема повеќе да биди
Го има оној на Бијонси, Heat на точење во Рефан ? Или пак, може и Heat rush, како позимска варијанта. Не ми се даваат пари за оригиналот, илјадарката или двете илјадарки што ќе ги дадам за него, би ги сместила на друго место моментално, па супер ќе ми дојде за стотина денари да си се мирискам.
Да не знае некој дали и каде има Мошус на точење? Еднаш земав и се заљубив во него сега подолго време го немам видено, а оригиналот е околу 2 илјади и нешо , и не планирам толку да го купувам ако го има негде поефтино...Минатиот пат за 150 - 200 денари си се изнапрскав Иначе , имам купувано и други, барав копија на еуфорија, од келвин клајн, ама не најдов, па преку тетин ми си го најдов оригиналот , од едни пријатели , во странство, и фала му многу, ептен е убав
Дааа супер... знам дека преубаво мириса братучетка ми го има, и се заљубив во парфемот и си реков дека морам да го купам.
Прв пат вчера купив парфем на точење, зедов Shanel и добар е. Но многу брзо се троши, на продавачот му реков да ми даде шишенце од 50 ml, но не верувам дека е толку. Многу е мало, може и во џеб да се собере. Цена 110 ден.
Шарм се наоѓа по тесните улички има полно продавнички,чевлари,сладоледџии,цвеќари,менувачници,бутици итн .., тука е и парфимеријата.Ќе си прочитате пишува со големи букви.Тука тој простор свртете го по еднаш и мора да ја најдете.Е сега тесните улички се наоѓаат кај пазарот во Прилеп (ако не знаете),незнам кој колку ме свати али колку што се сеќавам добро спроти парфимеријава има продавница за бижутерија. Барем така мислам,не сум забелжала добро т.е никогаш не ми текнало . Парфимеријава не е на Рефан колку што знам.