Па ова што се спомнува РЕФАН уствари е парфимерија се наоѓа во ГТЦ во подрум ... во пролазот карши верото, меѓу двете кинески продавници! :roll: Мислам дека имаше цд-тека порано до него , сега не сум сигурна! Мислам дека добро објаснив :roll: :roll: не сум сигурна али во секој случај еден круг низ подрум и ќе го најдеш ...се наоѓа! :mrgreen:
од секогаш сум употребувала оригинални (скапи) парфеми.за рефан дознав овде на форумов и решив да си купам едно парфемче на точење.го земав ангели и демони на живанши прекрасен е трае исто колку оригиналот и потполно исто мириса.и да ви казам ке продолзам да си набавувам од таму.фала ви :up:
за овие парфеми ич не знам колку се оригинални имам користено органза и од ванила и еден џангл се викаше ама за никаде беше џанглот ептен јак ама органзата е петче баш ме потсетивте да одам и да си наточам а тој од ванилата шишенцето и ден денес го чувам ама јако мириса а можете ли да ми кажете колку од прилика да се наточи парфем 30 мл?
Кај нас е 4 денари од милилитар. Значи 40 денари најмалото шишенце што го точат од десет милилитри. За Ск незнам, ама веројатно тука некаде се. И добро што ме потсетивте, да си земам и јас некое шишенце, да си имам на залиха
Има на некое друго место Рефан ? .. зошто бев таму и дуќанот се реновира , а сакам да си купам ново парфемче
Се реновира? Е па тогаш пробај во Буњаковец, во влезот спроти Архитектонски факултет што е, од десна страна е Рефан, не можеш да ја промашиш. Инаку јас дефинитивно само од Рефан си купувам, во Охрид исто има парфимерии што држат парфеми на точење, ама не се истите. Рефан ги набавува оригиналните парфеми, со таа разлика што имаат навистина некој поголем процент на алкохол, ама тоа не би требало да биде проблем. И онака за оригиналните парфеми се плаќа амбалажата и името, па не знам дали вреди толку пари да се дадат за нешто што можеш и поевтино да го набавиш.
Девојки Рафан во ГТЦ работи Баш вчера си купив нов парфем од таму, а цената на 10 мл. со нивно шишенце е 80 ден. а 10 мл. со ваше шишенце е 50 ден.
Значи кај нас се најефтини 30 ден со наше шишенце Не купувам многу такви, единствени што ги засакав од наливните парфеми се кашмир и мошусот
ајде препорачајте ми некое убаво парфемче? прв пат ќе земам на точење утре планирам да идам па препорачајте ми некое