Извини а од кај се снабдуваш со кокос? Немам слушнато за тоа , жити се кажи ми кај го наоѓаш сакам и јааааааас!
Da, parmefmetite na tocenje, se slicni na originalot, najcesto koga nemam dovolno pari kupuvam takvi i iskreno zadovolna sum, inaku omilen mi e ninna richi
Јас пред некој ден конечно го начекав парфемот што мириса како што треба и не е вода. Ноа користам. Баш ми е мек, ненападен и неутрален. Скап ми е во Unique, преку 3000-и нешто.
Да си купувам, почесто летно време ми се супер, за да си имам во сите ташни по едно шишенце во секое време го обожавам Light Blue -DiG многу е освежителен
Треба да одам да си го купам Rocco Barocco на точење.. (Да не беше темава, кој знае и дали воопшто ќе се сетев) Тој парфем страшно многу ме потсетува на убави дамнешни времиња со мојот љубен.. Сакам да ме скокотне срцето помислувајќи на тие убави моменти при секое шприцање.. Зимски парфем со специфичен мирис но не би рекла дека е за сечиј вкус. Јас просто го обожавам! Еве сликичка од оригиналниот парфем: Инаку во ГТЦ доле во приземјето има една парфимерија Рефан за парфеми на точење, во истиот тој пролаз на 5 метри од таа има друга продавничка каде што продаваат козметика, гардероба, бижутерија и сл. Таму нема голем избор на парфеми на точење, но цените се двојно пониски.
Пред некој ден си го одбрав плеј од живанши од Рефан ( од вашиве препораки направив листа и сеа решив еден по еден да ги пробувам ) Задоволна сум и од прекрасниот мирис и од долготрајноста. ептен. дури и изненадена. до сеа не ми се погодил парфем на точење да ми е толку долготраен, обично по 2-3 саати ништо не се осеќа па се освежувам пак ама овој и наутро осеќам ми мириса кожата, а облека што сум носела коа сум се прскала мириса 2-3 дена(правам опит до кога ке трае) така да препорачувам! а и наку има блага нота и е средно-нежен,женствен, мене лично не ми е јак! (колку што се разбирам јас во опишување мириси )
Колку пари беа парфемите на точење долу во ГТЦ? Порано имам купувано, ама никако не ми текнува по која цена. :^ 10мл. за 50 ден. така?
Black XS машкиот ми е омилен парфем) Иначе најмн. си ги точам Ескада, мирисат ептен убаво сите се овошни
Не сум користела до сега парфеми на точење, уствари не сум јас многу по парфеми ама сега ме фати мерак да си земам некој..кажете ми шишенцето во кое го ставаат парфемот колку мл е? Колку го наплаќаат?
Каде има парфеми на точење, а да не е во Рефан, поконкретно ми треба Кристал Ноир-Версаче, не можам да го најдам...
За тоа прочитав, не мислев за парфемот туку за шишенцето бидејќи немам свое Па од колку мл шишенца имаат и колку ги наплаќаат, за тоа прашував
^ Анастасијаки, има шишенца од 10, 20 и 50 мл колку што јас мислам, во Рефан. 30 денари е тоа од 10 мл, другите се поскапи дали 50 ден. така нешто. Отприлика тие се цените, ако добро ме служи меморијата.
Има многу добри парфемчиња на точење,во Рамстор доле на први спрат или приземје зависи како го броиш.Кај што се цвеќињата,човекот што слика карикатури во тој ред последниот е со овие парфемчиња. Јас од таму баш го земав Кристал Ноар на Версаче,и да ти кажам бев презадоволна!!! И од трајноста на парфемчето,и колку е идентичен на оригиналот. Зошто бев презадоволна,си земав и уше две парфемчиња од таму и од нив исто презадоволна бев Препорачувам од тука да си земате,многу подобри се од рефан!! 10мл 50 денари или 70 ( зависи тука ако земаш шишенце од нив,или со твое шишенце ) Баш вчера ми текна на овие парфемчиња,и ќе си одам во брзо време до Рамстор да си приземам