Не се секаде исти. Имам земано и од друго место ама не е исто траен. Не знам дали ги разредуваат или што и да им прават... Овде од кај што почнав да си земам сите им се трајни, башка што се поефтини од другите места. Како и да е, сите се такви. Не е само еден. Повеќе имам земано
Може да ми кажеш од каде ги купуваш парфемите? Јас сакам да си го купам Armani Code, ама да личи на оригиналот и да е траен. ФАЛА однапред!
Ги има по парфимериите и поголемите маркети. Не би требало премногу да се очекува на трајност и блискост до оригинал со оглед на цената иако секаде се различни и речиси секаде различно мирисаат.
Тој што сега го имам на точење ми трае повеќе од тоалетната вода што ја имам,што беше поскапа! Искрено се изненадив.А и еден што имам исто од тие на точење,татко ми наредниот ден ме прашуваше каков мирис сум ставила,а јас предходниот ден се имав прснато Иначе во новиот пазар ги купив.
Јас денеска го земав овој од парфимерија Рима за 160 ден 30 Мл и многу е сличен со оригиналот оти ми го даде да го мириснам и оригиналот и неможев да поверувам колкава беше сличноста,Скоро исти беа, исто така и трае многу,многу ми се допадна
ја имам зимано од рефан и трајни се сеа неможеме да очекуваме трајност како парфемот меѓутоа за тие пари е топ
Јас од Рефан го точам Анѓели и демони и стварно е преубав и претраен за парите,исто и Хипнотик е добар
Женички, и јас планирам да си купам на точење ма да збунета сум малку. Моја другарка имаше купувано на точење (конкретно Нуа од Бос) значи веднаш го намирисав и цела просторија мирисаше на неа. Ми рече дека го земала од Рамстор, и ме чуди што цената е доста повисока од овие што ги пишувате. 1400 за два, или нешто така. Знам дека бев во брзанка и не прашав, ама има две за точење парфеми во Рамстор. Едно кај Алтинбаш долу, и едно горе кај Тимберленд. Е сега кое е тоа што го барам, има некој прашано за цените во овие две или? Би ми биле од многу помош.
Струмичанки, дали уште си работи парфимерија Рефан кај нас во ТЦ Глобал !? Одамна немам одено натаму, а ми се присака парфем на точење, па да знам дали да се упатувам натаму или не.
Се си мислам дека не работи, но не сум сигурна. Ако сакаш парфем на точење види во Синоличка или во Стоковната.
Го има некаде било каде во Скопјево Versace Noir на точење? Се заљубив во парфемов, морам да го имам па што сака нека е.
^ Го имаш и тоа на повеќе места,еве јас ќе ти кажам најтраен и најсличен по мирис каде има зошто и ја еден период се утепав од барање на многу места па го најдов каде е најдобар На две места ќе ти препорачам едното е Делта ароматик во ГТЦ,каде што можеш да го земеш и како масло кое што мноогу трае и како најобично наливно парфмче, и мирисот е 99% ист како оригиналот. И второто место во Рамстор кај што се карикатурите доле,последната тезгичка мислам дека беше кај што има сапуни,парфемичиња ќе ја најдеш лесно единствена е Тие две се најдобри според мене,и во трајност и во сличност на оригиналот