^ Во делта ароматик, цената на парфемното масло е 80 денари од 1 мл. А наливните парфеми нивни се многу ефтини, не ми текнува точно.. но еве јас земав парфем со нивно шишенце 50 мл и ме фати 140 денари Додека во рамстор цените им се од 50 ден. за 10 мл со наше шишенце,а со нивно околу 80.. претпоставувам Околу тие цени се врти, не е поскапо од 150/200 денари како и да е
има ли некој парфем што мириса слично на чунга лунг (мислам во тој стил детско,разиграно ) и сте го користеле...имаше една колешка лес лионс само незнам каков е тој а многу јако и убаво мирисаше
ЈАС ГО КОРИСТАМ ОД РЕФАН EMPORIO ARMANI И НЕ Е НЕШТИ НАЈТРАЕН ИАКО МИРИЗБАТА Е ИДЕНТИЧНА СО ОРИГИНАЛОТ! АМА ОРИГИНАЛОТ ГО НЕМА ВЕЌЕ ВО ПРОДАЖБА!
Каде можам да најдам добра копија од Givenchy Very Irresistible l'Intense !? Рефан можеби !? Парфемов е непребол, но премногу ми е скап. Би го купила, но не ми се банкротира уште од сега. Со денови го мислам, ама ако веќе купувам, сигурно би било алтернативна верзија.
земи го слободно од Рефан држи и преубав е! мирисот воопшто не е изменет а трае сигурно едно 5 часа минимум .....барем во мојот случај беше така...јас прво го користев оригиналот па полсе наравно пошто ти паѓа стандард почнав на работа да се прскам со тоа од рефан и добивав само пофалби а оригиналот за невечер за искачање....инаце ако имаш да одвоиш 600,00 денари земи ја копијата на Bargello можам за овие со сигурност да ти потврдам дека е преубав потраен од тој на рефан...но ако немаш толку зимај од рефан!
На точење имам купено само Ричи Ричи и сега последно купив Хуго Бос оринџ,многу убаво мирисаат и траат...
Немам никогаш купено парфем на точење , ве молам препорачајте некое нежно, со сладок мирис сакам да пробам, фала однапред.
Според мене јас од тие што ги имам користено досега најубави и нежни ми биле од кокос,јагода и ванила ги мешам сите три во едно и преубаво мириса долготрајни се и јако мирисааат Не е воопшто скап а повеќе вреди за разлика од некои кои скапо ги плаќаат но немаат некоја поголема разлика од овој
Дали знаете дали го има La Petite Robe Noire од Guerlain? (eвентуално парфем на точење Lolita Lempicka бидејќи викаат дека најсличен мирис имале)
Препорачајте ми некој така пролетен парфем на точење, со лесен и пријатен мирис. Инаку имам моментално Армани и има убав некој мирис на вишни со нешто ама после саат два му се губи тој мирис, пак мириса али како скроз друг парфем.А другиве што ги имам зимано од Рима во Бисер се многу трајни по неколку дена ми имаат траено на облека а 40 денари е 10 мл.
Никогаш не сум користела наливни парфеми.Не дека се работи за гордост,туку едноставно не сум помислила како можна опција.Не знам ни каде се продаваат,ни која е цената,ни дали се добри
Искрено овие на точење и копиите,може да ми се смеете,ама не се осудувам да ги ставам на гола кожа.Секогаш прскам на облеката иако знам дека не е тоа тоа.Ама гледајќи како ги продаваат без декларација,и никаков друг податок внимавам што ставам на себе и во себе.