Мене па парфемов предолго ми трае, петокот се прскав во Космо и уште го осеќам на ракава. Ако некој ја видел копијата од La Rive нека ме извести, парфемов ми е омилен а оригиналот ми е прескап.
Морам да го пофалам Givenchy Verry Irresistible од Рефан.Стварно доста солидна копија и што е најважно мене ми трае. Тука ве прочитав дека го фалевте и морам да ви кажам дека моментално ми е омилен
Девојки да се пофалам, денеска купив од Pien(ги има во Рамстор) парфемите копија од Si. Премногу е сличен со оригиналот.
50 ml. Има и од 200денари ( помалку траен) и од 500 денари (поинтензивен и подолготраен). И ми дадоа гратис дезодоранс.
Па не е скап, а ако не потраен од оние комерцијалните кои ги има низ малите парфимерии и поголемите маркети, тогаш вреди да се проба. Ќе го имам на ум, фала ти.
Има еден од тие парфемите на точење КОКОС се вика,ама искрено мирисот не ми се допаѓа мене баш. Ама добро тука се работи за вкус
Најубав ми е Наоми Камбл,секогаш имам мало шишенце во кола,за во случај од брзење да заборавам да ставам дома.
Каде е тоа поточно? Инаку обожавам кокос , а ми кажаа дека во Охрид имало али до таму да идам за тоа ...
Се извинувам што касно враќам ама сега видов Би требало да го има во сите маали па и големи парфмерии. Јас го видов во Кичево во една парфимерија
Барав во Скопје али некако тешко се разбирам со луѓево , или нема или ми нудат нешто " слично " што нема врска со кокос. Како и да е благодарам драга
Копија на парфемот?Или пак немора да е копија туку некој сличен на овој само да не е до толку скап.Срце ми се кине коа му ги гледам цениве по интернет
Дали парфемите на точење ги имаат истите бројки(шифри) како и парфемите Economic за да знам како да ги побарам?
Од наливните не, но сега моментално го имам од Economic кој е 200 ден шишенце и сум преееееемногу задоволна, мн е траен и облеката кога ќе си ја ставиш во шкафче мириса и по неколку денови. Значи, навистина е одличен и таман е и за сезонава.