Најчесто ги користам Naomi Campbell, Roberto Cavalli и Хипнотик... Си овој пат си земав (по препорака на продавачката) шишенце пола со Ванила пола со Кашмир и морам да кажам дека ептен сум задоволна. Долго трае и е совршен за во зима.
Naomi Campbell, најдобар е дефинитивно, мајка ми зема од Рефан. Исто јас земав еден, Pink Love се викаше, преубаво мирисаше и долго траеше. Додуше јас ич не се секирам дали е оригинал или не, само да трае долго и да мириса убаво а не ефтино и веднаш да се изветрее мирисот.
Некој ги спомна другите производи на Рефан - можам да кажам дека се одлични. Бугарска фирма е, но со европски квалитет. Путерите и пилинзите за тело, сапуните... супер се. Само парфемите на точење баш не сум ги пробала, ама гледам дека ги фалите, па ќе си набавам некое.
Супер им се производите. :up: И многу се ефтини. Имам купено крема за лице за 40 денари. Има продавница во Трговски во Скопје во порум.
А дали има од нивните производи по парфимерри по другиве градови? На пример во Прилеп? Навистина имам желба да ги разгледам, ако знае некој дали носат по другиве градови нека пише.
Имаат неколку мали ефтини кремчиња, а имаат и скапи производи над 400 денари. Туку офтопик отидовме, па да прашам: во Охрид точат некаде Рефан?
^^ Е убаво што се погоди Living Glam online, а кажи ми се продаваат во Скопје другите производи на Рефан што ги спомена, путер за тело, млеко и такви слични работи?
Мислам дека се продаваат, дистрибутери се за сите нивни производи и имаат продавница во Скопје... за сигурно не знам да ти кажам.
Јас имам видено продавница на Рефан кога бев во Струмица во Глобал. Девојки од Струмица, ако ве интересира да си знаете
REFAN има продавнички во ГТЦ подрум и во Буњаковец, во редот со Шатци. Има од нивните производи, и тоа доста
Конечно поминав во РЕФАН и земав 10 мл Naomi Cempbell Cat deluxe, за проба, преубаво мириса, па да видиме колку ќе трае. Имам чувство дека наскоро пак ќе се вратам. Имаат и многу убава козметика на самата фирма како што кажаа неколку девојки, земав нешто од ароматичните сапуни и лосион за тело.
и јас имам земено парфемче од рефан и долго ми траеше само пумпицата од шишенцето ми се расипа,па морав да го префрлам во друго, а цената на лосионите и на другата козметика по колку се?како им се движат цените??
^ Путерот за тело им е 290 ден. Ама пакувањето е големо и многу јако мирисаат, претпоставувам дека се трајни. Купките и геловите за туширање им се некаде од 120-220 ден. Спрејовите за тело се од по 100 мл - 150 ден. и морам да ги пофалам, има убави мириси, само внимателно да се погледне. Сапуните им се многу интересни, долниот дел е сапун, има за ароматерапија, за пилинг и сл. а горниот дел врз него е сунгерест, вечер ќе го пробам и ќе пишам, цената од 70-90 ден. Интересни работи, само треба да се разгледа.
Да ви кажам јас вчера го зедов Наоми на точење, но не знам зошто не ми се допаѓа и ричи ричи го мириснав, ја немаат чистотата на оргиналниот парфем. Сега да не ширам дезинформации од рефан беше, но можеби нешто во парфимеријава од каде што зедов не се во ред, или им се мешани. ВО секој случај не
Ги прочитав постовите и искрено ме убедивте денес да одам и да го купам парфемот Наоми Кемпбел.Се надевам и мене ќе ми се допадне...
Мене Наоми ми е најгрд парфем на точење Прскав во воздух за да го потрошам кога го купив. Кашмир ми е многу убав како за ова време, poison hypnotic-ама сите го користат