Oд кај го зеде? Оти има на едно место разредени баечки И да не знаеш кај има и од другиве производи на Рефан низ ПП?
Да ве прашам да не знаете случајно bondage парфемот да не го има на точење? А кате21 каде поточно парфемите им се многу разредени?
И јас земам од Кики почесто. Ама во едно новичко дуќанче, наспроти Бело лале бурекчилницата мислам е, или во до неа уличката со другарка ми видовме, таа си бараше, ко ни ги покажа шишенцата, кога мириснав, не знаев дали парфем или вода е веќе беше ептен апла дека мирисаат малку само на парфемот, и една светла жолта нијанса што имаа И во она на ќошот кај Каспер, е тука лажат сушат, тој мажот што е, уште од чешма што не ги полни нема шанси да купиш асален парфем на точење(тука посебно, нема оригинал, којзнае од кај ги набавува) Затоа Кики StrangeWoman, се извнинувам што сега пишувам, еве од сега ќе знаеш од каде
Сега за зимава Роко бароко е перфектен парфем, на почетокот е многу јак и не остава некој посебен впечаток но за 3-4 минути (малку да изветрее) почнува да мириса преубаво. И ако земеме во предвид дека не е оригинал, задоволна сум од тоа колку време го чувствувам мирисот на гардеробата
Да не знаете некое парфемче од Рефан така благо, со арома на цимет, а може и од ванила? Сум се разнежнила нешто во последно време.. А утре си идам тука во населба кај мене и си купувам пак Бон Бонс Мелоди.. Прекрасно ми мириса.
Јас еднаш се зезнав од таа на ќошот кај Каспер што е. Шишенцето што го имав не беше бело туку некоја темно кафеава боја (така да не видов што боја беше течноста од т.н. парфем) и зедов шанел мислам дека беше, за мајка ми. Интересно ми мирисаше и ајде јас прва да го пробам...Пуф пуф на тоа марамата (светло розе) флеки тооолкави имаше . И ден денес стојат флеките не се перат Видов Феарлес дека од Кики си зела па овој пат и јас од таму си наточив. Кашмир и тоа шишенцето ми е од 75 ml. :geek: За ич пари имам прилично бајџи парфем и можам да се капам во него :geek: И прилично долго трае
Јас ( во Струмица живеам ) редовно си купувам од Ред на точење и презадоволна сум.Моментално го користам Paris Hilton на точење и можам да кажам дека трае долго време и е многу сличен на оригиналот
кога бев на одмор го заборавив дома парфемот а не ми се фрлаа пак пари за парфем па купив наливни парфеми буквално цел несесер го наполнив ..најмногу ми се допаднаа : naomi kembel , light blue ( го имам и како оригинал користено ) , lovely , paris hilton all about eve , и уште некои на кои не им ги запомнав имињата ..
^^ Заљубена прашав јас и ми кажаа дека го има и женскиот на точење. Ама не ми мирисаше исто како оригиналот
Препорачајте ми парфемчиња од Рефан што траат подолго, досега два пати имам точено таму два различни парфеми ама што знам некако брзо ми испаруваат
Во потрага сум по еден парфем можеби можете да ми помогнете. Не го знам името а лесен е за препознавање. Некои од вас можеби и го користеле. Мирисот е ист како Кики карамелите. Сладок и овожен мирис. Бев во ГТЦ во парфимеријата од каде што купувам наливни парфеми, ги прашав дали знаат кој е тој парфем, немаат поим. На друго место не сум прашала глупо ми е. Па ако знаете да ми пишете име, нареден пат точно да знам кој парфем да го барам?! Благодарам!
а кај е тоа рефан во гтц? * иначе јас имам еднаш до сега користено парфем на точење и мнгоу сум задоволна,Нина Ричи од црвеното јаболче , и трае скоро цел ден,се осеќа на тебе ) задоволна сум,и сега планирам да земам др на точење .. би ми препорачале некој,така по свеж?
Немам користено до сега ама сакам да си купам како да си имам за во ташна и за секој ден ај ќе ве молам препорачајте ми некој нежен и лесен мирис