мммммм јас хипнотик долго време си го користам, најубав ми е, си го купувам од кај мене од парфимерија, ама сеа ке прошетам до Рефан да си купам нешто друго
Го имаат ли во Рефан Carolina Herrera на точење и дали некоја од вас го користела, дали трае долго време или да си барам ново парфемче??
ЈАс го барав пред некој ден зошто премногу ми се допаѓа,ама уште го немаат,па земав Black xs и супер е.
Лееле се разочарав сега стварно. Завчера го пробавме со другарка ми од тестерче и ми траеше цел ден, се заљубив во мирисот.А за оригиналот слаба сум со финансиите месецов; и толку бев убедена дека го имаат! Aма ќе си почекам ајде - кој чека ќе дочека
Девојки кажете ми дали и тие имаат тестери за пример да ги пробаш како мирисаат или пак мора да го знаеш оригиналот за да можеш да си земеш соодветен што ќе ти се свиѓа? Едит: И кажете ми некој парфем со цветни или летни нежни ноти бидејќи нејќам јаки парфеми
Можеш на лице место да си мириснеш и да си одбереш,можеш на пример да и речеш на таа што продава дека сакаш цветни и таа ќе ти понуди,како и да е можеш да мириснеш и ќе се одлучиш
Мене на точење искрено најмногу ми се допаѓа парфемот на britney spears секако дека оригиналот е мн мн подобар но и овој на точење не е лош
Дали знае некој дали го има негде на точење Dior Pure Poison ??? Го барав у рефан у гтц али го немаа ако го има негде известете ме
Каде се наоѓа Рефан во Трговски?? Иначе на точење го користам light blue од Долче и габана Најубав парфем за летен период
Дали го има Дејвид Бекам на точење? За машки знам дека има, ама не сум сигурна дали има женски на точење
Да ве прашам во Битола каде има убави наливни парфеми на точење? и препорачајте некој поубав моментално го користам lady milion и супер е .