Од авон моментално го користам новиот Slip into, задоволна сум, ми трае во текот на целиот ден и Perceive Dew го имам дома, има пријатен мирис, потсеќа на пролет. Сеа си го нарачав Far Away, а порано т.е. до пред некој месец ги користев Out spoken by Fergie, Pur Blanca розевиот и белиот, али дефинитивно белиот е поубав. А ви го препорачувам Little Black Dress, Little White Dress i Incandessence. Сите се трајни во текот на денот. Мислам дека вреди да се даде толку пари, а и во споредба со парфемите од Cosmos и останатите не се скапи.
Јас моментално го користам,од Декември ми е купен на поклон,редовно го користам,а многу малку ми е потрошен.Одличен е и долго трае
Ги имам користено Пур бланка, Литл блек дрес, оној на Ферги и сега последно го добив Фар ауеј.. Мн е јак , не ми се допаѓа баш .. Пур бланка ми е фаворит засега
Од авон сега го користам for away, искрено пријатно сум изненадена убаво ми мириса и прилично е траен. Го купив така на невидено, во последната брошура беше ефтин за 220 денари мислам беше, мало пакување од 30мл. Е сега во новиот каталог гледам намален е pur blanca blush розевиот, па сакам да прашам дали го има некој користено. На каталогот го помирисав ама тоа не е тоа, ми мириса свежо а баш сакам сега некој така посвеж да земам. Инаку го имам користено pur blanca белиот и задоволна бев.
Јас го имам користено розевиот и баш ми беше убав мириса свежо како белиот, само според мене некако поженствен е нема да згрешиш ако си го земиш.. позз
Многу ми се допаѓа акцијата на Авон, во која промовираат по некој парфем креиран од познатите европски модни дизајнери. Моментално го користам Herve Leger, Прекрасен парфем, а уште повеќе го засакав, кога видов дека во Париз во модното студио на овој креатор го има овој парфем. (до душа преку стакло го ѕвернав ) енивеј...парфемот е одличен!
Најпрво го користев овој и бев ептен задоволна од него дури на улица луѓе ме прашуваа што користам. потоа го сменив за овој , според тоа како мирисаше во каталогот бев одушевена,нооо кога почнав да го користам малку се разочарав, мирисот не трае и малку е различен, додека тој горе мирасаше просторијата од него. сега се мислам дали да го земам овој ми се виде убав, паа ако некој го користел дали е долготраен.
Машките се тоалетни води ама убави се мене лично многу ми се допаѓа ''full Speed''траен е преку целиот ден се осека тежок јак,75мл е.Убаво е и шишето како за поклон.
фул спид е ммногу лесен свеж парфем траен е и потсеќа на лето, исто е signature многу убав малку помашки силен смел парфем ама за вечерни излегувања е блек сајд тач ми е тежок! најубав ми е тру форс околу 800 ден е 75 мл.
Question: Го има ли пробано некој најновиот Perceive? Го има по промотивна цена, ама нема примерок за да го мириснам Од новиов каталог планирав да си го порачам новиот Pur Blanca, па да знам дали и овој да го ставам на листа зошто во следниот каталог веќе ќе биде бааѓи поскапен
го имам мириснато и убаво мириса, свежо пролетно и трае многу повеќе од пур бланка! порачај си го ако сакаш пролетни свежи парфемчиња
Мене најдобри ми се Black Suede, Touch и Leather. Обичниот Black Suede не ми се свиѓа. Tomorrow и Signature исто така ги сакам. Другите ми се посвежи. Од посвежите пак, Just Play.