Прекрасен е навистина многу е траен и незнам не е баш летен ама не е некој тежок јас го зедов заедно со спа производите и тие се препрекрасни
Нежен мирис има, баш е како за пролет-лето. Ама колку би бил траен - не знам, затоа што не е парфем, туку тоалетна вода.
Го има некој користено? Како мириса, во следниот каталог на Авон можи да се земи за 25 денари Примамлива е цената
Ади, кога бев на презентација со мајка ми го мириснав. Преубав е. Оти беше тестерче се прснав на глуждот. Не ми изветреа за брзо време и беше преубав. А инаку, мислам дека имаше некаква програма за да се зема за 25 ден., ама не знам точно.
^ да да за програмата зборам, примамлива е цената многу А Првпат го гледам и низ каталогот го немам сретнато досега, зато прашав да не го има некој користено
Нов е, да. Ама, за 25 денари и да не ти се допаѓа, не губиш. Ама, не верувам дека нема да ти се допаѓа. А во програмата има услови кои треба да се исполнат, така?
Епа, и бестоа порачката треба да изнесува 1600ден. Чудно бе, обично на некои поскапи производи (парфеми и накит) даваат програми со порачки над 3000 денари. Ова е супер понуда, не му ја мисли, земи го.
^ обавезно го земам, мислам дека би требало да имам нормална порачка, а и да немам ако не е 1500 ја прам
Така кога има некои програми, јас и мајка ми ако немаме доволно порачки ставаме и шампони, купки за нас. Они никогаш не се доста. А башка сега има 1000мл купки со плус подарок за 300 денари (од мини брошурката). се извинувам за офтопик
да и јас планирам да си го земам тој 25денари ништо не се гуми..и да не е траен парфем за 25 денари ... девојки јас не сум користела парфем од авон.,,,трајни ли се или онака си поминува по некоја минутка???
Па мислам дека штом е од луксузните парфеми би требало да е траен.. И јас ке го земам и баш ме радува што не ставиле некоја енормна сума на порачки за услов
Сум имала неколку парфеми од Авон, од кои првиот е и мојот омилен парфем (евр): today tomorrow always in love Мислам дека беше limited edition од today tomorrow always колекцијата, ми го подарија пред повеќе од три години, но почнав да го користам летово. Многу специфичен, топол мирис, по малку ориентален...со еден збор - прекрасен. Ми остана уште многу малку и веќе не го користам, само го мирисам одвреме-навреме и си спомнувам за еден убав период од мојот живот Pur Blanca Убаво миривче, свежо, пролетно, полетно, го препорачувам :up: Simple Elements Meadow Dew Немам поим од каде го добив мирисов, мислам дека некој ми го подари, не ни го имам сретнато во каталог некогаш. Моментално го користи мајка ми, но лично не ми се допаѓа, многу јак мирис, потсетува на освежувач за воздух. Incandessence Ова е всушност единствениот парфем што го имам од Авон (овие погоре се тоалетни води) и ништо освен пофалби за него. Го користев до пред некое време, траен, мек, по малку зачинет, одличен! Воедно и да го одговорам прашањево, да, парфемите се трајни, а и тоалетните води добро се држат.
Incandessence Преубав ми е, трае долго, за жал ми е при крај. Не знам дали го има во наредниот каталог ако го има пак ќе си го земам. Овој не мириса лошо, но не е траен. Читав задоволни сте, дали е до мојава кожа нешто ама и на сестра ми не и трае многу. Само овие два и ги имам користено од Авон.