marama ако не се лажам Spootlight е тоалетна вода а тоалените води од Авон не се многу трајни. За истите пари можеш да си земеш парфем, тие траат по цел ден.
јас не сватив ова...девојката ми кажа дека ке имам поклон парвем ако две нарацки по ред ми бидат над 1500денари..а сега вика дека тоа било она што е за претставници парфемот 25денари..тоа ли е??
Тоа е за претставници само. Но, ако имаш другарка претставник на која ете си и направила толкава порачка што не се малку пари, можеби би ти го дала парфемот, ма да чисто сумњам.
па она ми викаше дека после два каталога нарацка од 1500денари следува поклон парфем..а сега дека тоа било парфемот што е за претставниците не сватив
Таа програма е само за претставниците и порачката требаше да биде по 1000 денари од двата каталози, а она ти рекла по 1500 за да и ја направиш минималната сума за да пушти порачка убаво те замачкала
аа значи не требало така...лелее бе и плус тоа не ми дојдоа сите порацки и демек за мене и попуст оти претставник.....ништо од тоа платив околу 1700денари и сега плус над 1500...хм ке и кажам за нареден пат или пак нема ни да и порачувам.... цццц како си ја работи така работата... хм
девојки јас како што знаете сум нова во авон..нивни претстаник..е сега девојката ми кажува дека за да добивам попусти на производите требало над 1500денари да имама...така треба?? што знам малце чудно ми е...ај објаснете малце
со секоја порачка над 1600 имаш попуст 15 % над 3500 имаш 20 % над 5700 имаш 25 % плус имаш трошоци за брошури и за достава 50 ден
Јас ги имам Today, Bond girl, Incandesence, Little black dress, perceive, far away dreams. Само Тoday и Bond girl ми се нај.
Aвон имаат добри парфеми најново другарче ми е Far Away Exotic ама оној Far Away што е првиот неможам да се откажам од него најубав ми е и многу e траен и да ве замолам феминки за помош ако го има некој Bali Bliss или ако некако може да се најде ве молам пишете лп
Јас сум претставник на Авон и имам користено парфеми од таму, сеа моментално ги имам Pur Blanca, Laugh Often by Reese Witherspoon I Far Away. Убави им се парфемите ,а и трајни.
Ме интересира за овој парфем Дали е со нежни цветни ноти или пак е зимен парфем? Дали е траен? Ако некој знае нека каже.. Како претставник можам да го добијам со ефтина понуда ама јас не сакам тешки мириси сакам нежни.
Последен парфем што го набавив е овој и задоволна сум, преубаво мириса и се изненадив, затоа што пред извесно време го имав и малецкото рол-он шишенце, ама ме разочара малце ваљда дека не ми траеше многу. Парфемот е супер и да, траен е - барем мене ми траеше цела вечер.
Парфемите од Авон се супер. Си вредат за својата цена. Трајни се и сум задоволна од нив. Пола од нив речиси ги имам пробано. Ако порачате нема да згрешите