Little White Dress е посвеж и е повеќе за преку ден,мене лично повеќе ми се допаѓа Little Black Dress.
Овој новиот Avon Sensuelle (така мислам се пишуваше ) прекрасно мириса. Ми стигна мостра со порачките се заљубив на прво мирисање го порачувам решена сум.
Дали некој го има користено новиот (виолетов) пур бланка од авон? Ме интересира каков е,како мириса,не можев баш да проценам од каталогот
Тој ќе може да се порача во кампања 4, а таа уште не е почната. Единствено ако некоја го земала како демо производ па да сподели искуства
Многу го зборите овој новиов, Сензуел. Јас веќе го порачав во комплет со лосионот за тело и малото парфемче од 15 ml, ама ме интересира дали е траен ? Спојлер Ако не е, да го откажам дур е време.
Мишела ако имаш можност сеуште подобро откажи го. Јас го имам, мириса преубаво ама не е траен воопшто. Тоалетна вода е неможе да биде траен.
И сестра ми го има истиот и јас се прскам од него кога излагам некаде преубав е мој совет е да не го откажуваш,според мене е траен и тоа премногу имам забележано по блузите што ги носам тогаш кога се имам прскано мирисаат и после една недела.нема да се покаеш јас мислам.позче
Тоалетна вода е. Пред да го пуштат во каталозите во МајМагазин беше излезен како тоалетна вода, а и јас приметив дека после сменија.
Outspoken intense by Fergie,дали знае некој каков е го порачав онака без да знам како мириса дали е нежен или потежок??