Одамна немам порачано парфем од Авон, обично само од спрејчињата порачував. Но, имам еден непреболен парфем кој го нема во каталогот веќе 5-6-7-8 години, ни самата не знам точно колку Инаку, шишенцето беше со портокалово-црвено-жолти бои, во форма на искривен триаголник. Имаше летен мирис со повеќе овошни ноти одколку цветни. Мислам имаше и спреј за тело со светки кој исто така го нема во каталогот доста долго време. Љубов непреболена ми се а не можам ни слика да најдам.
^ На овој сигурно мислиш, True Glow И да, го нема веќе, а и тешко да го вратат. Како и со повеќето парфеми што прават
Девојки го земав каталогот кампања 4/2014 од кај една другарка и сакам да си порачам некој парфем. Ама гледам во овој каталог некако се скапи, ако го има некоја претставничка од вас најновиот што треба да излези да ми кажи дали таму има некој парфеми што се намалени и кои се па да си почекам да излези тој да не го плаќам во овој дупло поскапо..
Па зависи какви парфеми сакаш. Има различни цени, од 300 до 2000 им се цените. Сега се зависи од тебе, каков квалитет сакаш. Имаш и убави тоалетни води кои се исто така ефтини. Парфеми има на попуст во секој број, цените се секако намалени.
^ Баш денес го разгледував каталогот од кампања 5/2014 и скоро сите парфеми беа намалени. Цените се движат од 400 денари нагоре. Зависи каков сакаш.
http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... yvJEaH8kmg Вчера го добив на подарок катастрофа, не се сеќава ни мирис ни нисо а се заљубив како мирисаше во каталогот
Јас го користев, многу свеж, пријатен и нежен за летно време.. дефинитивно омилен за лето го обожавав и ова лето планирам пак да си го порачам.
Како бе не се сеќава мирис? Јас го имам парфемов и можам да кажам дека е еден од потрајните парфеми на авон. Во почетокот и мене не ми се допаѓаше како мириса, но после второто нанесување ептен го засакав. Нежен е, ненападен. Не е ни тежок. Баш како за ова време.
Ауу, ова ми е омилениот парфем. Биди благодарна што ваков подарок си добила. Се зезам.. Парфемот е прекрасен, има нежен мирис многу убаво. Прсни си повеќе пати, од еднаш ништо не се осеќа. Прсни три четири пати и ќе видиш. Мирисот трае многу. Еден од најдобрите парфеми од Авон.
Женски ај кажете ми овај Avon Ultra Sexy каков е? Гледав во овој каталог е заедно со гел за туширање и крем за тело.. добра понуда е 3 за 900 денари, каков е траен е?
Има јак мирис мене лично не ми се допаѓа а си го порачав уште кога се појави во каталогот Ако обожаваш силен мирис ќе ти се допаѓа а и траен е ,исто кремот го имам и го користам ама поубаво ми мириса од парфемот,навистина понудата е добра затоа што мислам дека само парфемот е 900 денари
Овој го земав последен заедно со дезодоранс и лосионот за 400 ден ама не ми се допаѓа мирисот очекував повеќе,Pur blanca сивиот и Incandessence ми се супер.
Ги добив денес конечно Искрено да кажам парфемчето не е ништо посебно, ми има многу познат мирис... Слатко мириса, овошно.. свежо, пролетно.. Ме потсеќа на B.U. розевиот премногу.. не сум нешто воодушевена..но е ни лош.. и онака решив да ги испробам сите парфеми од Авон, па сега имам еден помалце на листата