Little Black/White dress ми беа омилени, дури не го открив овој. Првиот пат го земав вака како демо, со 2 пара обетки за некои 5-600ден. Од тогаш го немам начекано за помалку од 800, ама дефинитивно вреди за секој денар. И штета што е само 30мл.
Мојот нов омилен парфем е овој Долготраен,свеж,нежен ... ах па уште кога ќе ме прашаат: еееј што парфем си намирисана абе си летам од убавина си ЛЕТАМ Го препорачувам
Го има некоја користено? Го помириснав од каталогот убаво мириса ама ме интересира дали трае? Сакам да си го порачам од овој каталог.
Луѓенца ве молам ако некој го има користено горе наведениот парфем нека пише искуство 2/3 лепши збора за парфемот. Па до четоврток треба да одлучам ве молам луѓе
Од Авон овој Fleur многу убаво мириса и трае мирисот долго време , не е скап до 800 денари мислам дека е , а може и поефтин. исто и овој трае и убаво мириса Incandessence
Гледам во новиот каталаг на последната страна парфемчињата се по 270 ден. 30мл па сакам да си порачам, само незнам кој И за двата имам слушнато пофални зборови, дека навистина убаво мирисаат и се трајни.
Little Black Dress дефинитивно - три мои другарки го порачаа одкако го мириснаа на мене Женствен е, софистициран, елегантен и има некоја класична жичка во себе. Има прилично топол мирис и е идеален за есен/ зима. Инаку, трае многу долго време, на блузите и џемперите ми траеше буквално додека да ги исперам.
Parisian chic луѓеее !!! и после 2 дена од нанесување се осеќа на алиштата... Исто и Luxe е долготраен
Имаат промоција 2 парфеми за 799 ден.Кои од слениве би ми го препорачале бидејќи само тие се на промоција? celebre,love,passion dance,pure 02,simply her?
јас сум многу задоволна од Pure O2 ,две шишенца си имам потрошено,свеж е и доста траен како за тоалетна вода .
Вчера конечно ми стигна парфемчето. И бидејќи прв пат го порачав го мириснав само. Имам чувство дека сите блузи ќе ми мирисаат на него. Предобар