Па добро тогаш само имаше попуст, сега и претставниците не го зимаат ефтино, ама штом е за двата секако ти се исплаќаат 1500 денари.
Фар Авеј е појак.Мене и двата ми се допаѓаат го имам Блекот и кога ке имам потреба сакам да го пробам Фар.Мене Фар повеќе ми се допаѓа.
Исто. Значи не било до мене, стварно се разочарав, а очекував многу. Последниот пат прснав многу повеќе од вообичаено, но пак исто. Нит се осеќа, нит па го осеќам после тоа на облека или кожа...
Јас само мини спрејот го пробав, парфемот не ми е отворен, и после овие коментари нема ни да го отворам, ќе го дадам на поклон. И кај мене ветрееше за 15 минути, ама се тешев дека е спреј па затоа. Но гледам исто било и со парфемот, а ми се допаѓаше како мириса. Штета.
Пробај го ти парфемот како и да е. Не значи дека ако на нас не ни трае дека и на тебе така ќе биде Сепак, секој парфем на секој различно делува. Спрејовите по обичај се знае траат колку за до ваму таму, парфем е друго.
Го испофалија овој на каролина и го нарачав. Ме разочараа кометариве бидејќи предходни коментари беа дека е преубав.И ај сега?
Секој со различен вкус, секој различно си ги перципира мирисите. Мене ми се многу допадна и напишав овде дека ми е прекрасен. А кога веќе решите да купете парфем прво пробајте си тестерче, ако не друго барем нема да осудувате дека сме лажеле по темите! На слепо никогаш не би купила парфем, морам прво да го испробам, правете и вие така бидејќи стварно има разлика од мирисот во каталогот што е и тестерот и оргинал парфемот.
Мене ми трае, немам чувство дека ветрее брзо. Земав тестер затоа што и јас се мислев дали вреди да дадам толку пари за овој сет. Не е баш евтин, а со уште некоја стотка плус би го купила парфемот на Наоми кој ми е баш проверена работа. На крај мислам дека ќе се одлучам за втората варијанта, по парфемот на Каролина се „попалив“ онака колку да се каже.
И на мене не ми трае парфемот на Каролина. А убаво мириса, штета што не ми одговара. Јас од овој каталог пак си го нарачав Тудејот (кога видов дека е на попуст ), според мене тој е сеуште најдобариот парфем на Авон.
Today, Tomorrow и останатите парфеми од истата линија се дефинитивно најтрајни. Нема утка. Исто доста трајни се Spothlight, Christian Lacroix, Instinct Forbidden, Premier Luxe, Incandessence. Pur Blanka, Femme, Little black dress, Little red dress и Little gold dress ми се за нијанса послаби. Можеби мене ми ветреат, а може не ги осеќам после подолга употреба.
Ајде и јас да се приклучам после luck кој ми е најомилен дефинитивно и траен се заљубив во овој Го земав како комплет по набавна некаде околу 700 ми дојде пошо го исполнив условот. Има разлика од мини спрејчето и од парфемот. Мене ми е трае и ми мириса преубавоо и дефинитивно ќе правам ново членство да го земам за 25 ден како нов претставник. Premiere Luxe Blush и Premiere Luxe се сосема различни. Јас наместо вториот по грешка го нарачав првиот мене ич не ми се допаѓа многу многу е јак. Сеуште патам за Premiere Luxe но во пред новогодишниот каталог го има за 450 ден во ново празнично издание па ми е на листа за купување. Today,Tomorow,Always ми се исто така омилени.