Луѓе извинете што се умешувам вака, ама парфемот нит е на каролина нит е нешто што требало да очекувате дека ќе трае една недела. Регуларен премиум парфем како и секој друг во Авон, тоа што маркетингот пали со каролина, браво за авон Јас го имам и го користам и задоволна сум, не трае како парфем од 6000 денари, ама не е ни спреј за тело. Ама пак, го нанесов вечерта, сабајлето го осеќав на рака. 1250 денари со два други производи или попросто парфемот е 850 денари, епа толку е Плус, гледам дека 70% од претставниците на своите клиенти им дале најмалку пола од својот попуст кој го добиваат. А и вкус во прашање, за тие пари го има luck кој мене повеќе ми прави мерак а и мислам дека два дена го носам и плус алиштата мирисаат на него повеќе од омекнувачот )
Го земав Perceive судејќи по мислењата на некои феминки што пишаа дека е доста јак и траен, и искрено се разочарав. Мирисот ми се допаѓа, специфичен есенски ама трајноста Само што ќе го напрскам додека да излезам од дома не осеќам ништо, не знам зошто некои феминки рекоа дека бил ептен нападен и дека глава болела од него.. Јас воопшто не го осеќам а ставам со кила Дефинитивно ќе си се вратам на некој од „фустанчињата“, gold го меркам одамна мислам дека нема да ме разочара
Голд јас пак не го сакам баш.Го имаше личност со која се дружам и не се осекаше многу малку и мислам дека малку траеше.Таа беше прилично задоволна, ама не го купила повторно.Скоро секогаш го користи ТТА класичниот и абе цела вечер и го осекам парфемот.И дента да се прснеш пак мириса и на алиштата.Голг мириса некако на слатко, јас можеби некогаш би го купила ако е на голем попуст.Имам толку парфеми ама ТТ го немам дома, па кога ке имам потреба некој од нив би порачала посебно класичниот.Мене лосионот на Персив ми трае околу 3 4 часа иако и на раце сум ставала.А на тело трае повеке.Да не е разреден нешто парфемот незнам.Мене од вечерта до сабајле ми трае и плус на алишта 2 дена мириса.Не секогаш можам да го поднесам, и еднаш сакав иста блуза да ја носам после 2 дена, а не ми беше перена, парфемот се осекаше прилично добро. Ако сакаш да биде од фустанчињата Пинкот розевиот е многу слаток,прекрасно мириса на слатко нешто.Уште ми е жал што зимата кога беше на попуст не го порачав.
За литл голе дрес збориме, така? Јас го имам при крај ми е. Има некој сладок а и по малку тежок мирис според мене. А за трајност му давам чиста десетка. Најтраен парфем што сум го користела. Исто така мислам дека многу зависи како ќе ти се погоди, некогаш кај некого истиот парфем трае повеќе, некогаш ич. Мислам дека треба да го мириснеш, зависи многу и до вкусот како ќе ти се допадне. Мене ми е вака океј да речам, а на некои околу мене им мирисал на банана, на едно, друго, не им се допаѓа. Лично имав случај со парфемот passion dance. Претставниците ќе се сетат дека во еден каталог го имаше во фокусот со направени 3500 (мислам дека беше) порачки да се земе за 160 денари. Тогаш го земав истрошив цело шише и ми траеше буквално цели денови, дури и повеќе 8 часа. Пред 2/3 каталога го земав пак тогаш ко беше 399 и ме разочара. Не траеше ич, ама ич едвај дали саат време. Така да не е ни до цената, ни до парфемот битно е како ќе ти се погоди. Парфеми од Авон што вака се добри можам да ги пофалам little black dress, percive, incandessence, avon femme, avon femme icon, luck, sensuelle, cherish, pur blanca и parisian chic. Дома ги имам pur blanca-blush, кој исто така има океј трајност од 4-5 часа. А и мирисот ми е погоден. Во план сум сега да си го порачам и pur blanca elegance, се надевам нема да ме разочара во однос на трајноста. Parisian chic исто така има добра трајност, ама некако повеќе ми е за вечерно излегување, барем за преку ден не го користам јас. Scent essence (sparkly citrus) го добив на подарок од Авон, иако никогаш не би го порачала. Исто така има голема трајност од 5-6 часа, штета само што е толку малечко парфемче. Свежо мириса, и има некои ноти на лимон што мене не ми се допаѓа, општо парфеми што имаат ноти од некои овошја не сакам. Дали еднаш или два пати прснав од него и го оставив, повеќе е за во лето. Можеби ќе го искористам следното лето. Femme icon исто така нема некоја голема трајност, ме разочара очекував повеќе. За мирисот чиста десетка му давам. И она детското hello kitty го имам, искрено го порачав поради цената, онака никогаш не би се ни сетила на него. Убав мирис има, сладок што повеќе ме асоцира на лето, така да можеби ќе го искористам следното лето.
http://thumbs2.ebaystatic.com/d/l225/m/mJq9SWjKcota5KJwPrILLaQ.jpg Добар е парфемов? Има добра цена а и ретко го намалуваат.
Добаρ е аκо е на попуст.Побаρај од неκој што го има да миρиснеш.Мене онаκа добаρ впечатоκ ми има оставено.Подобаρ од Селебρе.
Дечки а да не знаете во скоро време да не го има LUCK женскиот во пакет заедно со дезодорансот и кремот за тело (како лани што беа)?
@Winter Lady Од фустанчињата многу долго го користев црниот, имам истрошено добри 3-4 паковања и се заситив некако но потпишувам со двете раце дека нема подобар парфем во Авон од него, и во трајност и мирис и се и затоа автоматски мислам дека и останатите од таа колекција се трајни.. Разгледував на fragrantica и златниот имаше најмногу мислења дека е есенско-зимски па затоа се одлучив за него, белиот и розевиот ми асоцираат на лето по мирисот така се нежни но може и да грешам поправете ме.. Today, Tommorrow не сум ги користела.. Една другарка имаше еден од нив но не знам кој точно мислам дека класичниот и ми мирисаше некако елегантно зрело како за повозрасни жени.. Не знам дали би го купила, можеби другите од таа колекција ако ги има на попуст.. @eloves Сега ме уштеи за gold, се надевам дека и мене нема да ме разочара трајноста Долго време се имав откажано од парфемите на Авон бидејќи многу се разочарав баш од тоа, и еве сега баш кога решив да им дадам шанса Perceive ме разочара Инаку кога порачував се мислев помеѓу него и Femme Icon но ете велиш дека не трае, баш штета.. Инаку во новата брошура што излезе денес ги има Luck парфемите намалени на 550 (со дополнителна порачка), не е лоша понудата.. Кој е поубав розевиот или жолтиот?? Досега единствен парфем кој со задоволство сум го користела и ме воодушевил со трајност и мирис е Laugh often на Рис Витерспун, но за жал веќе го нема
Кој е тој fragrantica? Мислиш на Premiere Lux и Premiere Lux Blush ? Јас кога го зедов 2 прво што си кажав за парфемот е дека неможам да го поднесам.Многу е јак и некако ич не ми се допаѓаше.Потоа ми се смени мислењето и баш е зимски парфем.И другиот го имам мириснато добар е ама многу на слатко мириса.Ама некогаш секако ке го земам.Јас неможам нонстоп ист парфем да користам.Се заситувам ептен бргу.3 пати прскам од еден потоа 3 пати од друг и се така во круг.
Малку сум послободна па ќе напишам една рецензија за сите парфеми што ги имам користено до авон. Да започнам од најомилениот, Little black dress. Парфем кој не би го менувала за ништо. Препознатлива сум им на сите по тој мирис, го користам веќе 3 години и не можам да се замислам без парфемот. Летото правам паузи од него бидејќи сметам дека не е летен парфем туку есенско/зимски. Траен е, еден од најтрајните парфеми од авон. Има прекрасен мирис кој ме потсеќа на нешто топло, софистицирано, дамски, баш таков ми е. Нема некој тежок мирис со кој може да се загушиш и да ти се слоши туку баш златна средина. Совршен е за овој период. Следен, Percive. Еден од парфемите кој го купив и мирисот ми здосади за толку брзо време, неверојатно. Одпрво ми се многу допаѓаше, го имаше една другарка па и јас го порачав. Може да се каже дека го користев една недела и и го подарив на мајка ми. Не е нешто премногу траен, има јак мирис од кој верувајте боли глава. Не знам конкретно за кој временски период е, можеби есенски, за летен е премногу тежок. Парфем кој не би го купила уште еднаш, сега кога го мериснам ми се преобраќаат цревата. Avon Femme. Парфемот го порача сестра ми а јас бев принудена да го користам. Исто како персив и овој така, отпрвин ми се допаѓаше и мирисот и трајноста која ја имаше а после почна толку страшно да ми се лоши од него бидејќи имав една школска која го користеше и девојчето веројатно ставаше од парфемот под мишки па затоа толку лошо мирисаше па јас престанав да го користам мојот. Ми стои дома еве веќе 1 година, никој не го чепка. За мирисот може да кажам повторно дека има јак мирис кој навистина удара во нос и не секој може да го поднесува. За траен не е нешто со голема трајност, барем мене не ми беше траен, некои многу го фалат дека им бил траен. Сепак, зависи до човекот. Сега пак го мириснав од каталогот и многу ми се засвиѓа, ама нема шанси пак да почнам да го користам. Avon Femme Icon. Новиот подарок од Авон. Ми се свиѓа тоа што има мошус, мошусот ми е мирис кој го сакам премногу. Парфемот мене ми е доста траен, ми стои по некоку денови по рубите. Има онака убав лесен мирис, есенско/зимски. Повеќе ми е како парфем за преку ден, што го користам кога претрчувам до некаде, не би го ставила на излегување. Некои многу ми се жалат поради трајноста, баш читав и низ форумот ама мене ми е баш траен. Во едно, супер парфемче кое за разлика од обичнот авон фем мислам овој би го користила повеќе време. Avon Attraction. Парфем совршенство. Од новите парфеми на авон овој ми е најомилен. Го нудам кај стигнам и многу разубедив да си го порачаат. Зимски парфем, трае по цели денови, убав мирис на ванила/мошус што најмногу ми се допаѓа. Се осеќа дури и кога ќе се разминеш со некој на улица, ми се случи повеќе пати и после тоа цело време да го осеќам парфемот. За оние што сакаат трајност и убав мирис ви го препорачувам. Avon Love. Многу ме потсеќа на Avon Femme, ептен ми се сличи што не знам што да напишам за овој. Нема трајност, нема убав мирис, како ефтин плагијат на Femme. Не би го препорачала. Крајно сум разочарана од парфемот. Pur Blanca. Мислам дека ми беше еден од најпрвите парфеми што ги порачав од авон. Ми остана во сеќавање мирисот. Летно/пролетен парфем, солидна трајност но сепак за парите се исплаќа. Сега се мислев да го порачав бидејќи го имаше за 300 денари а јас го бев купила дупло повеќе. Парфем кој за летниот период вреди да се има. Pur Blanca Elegance. Плавио пур бланка, кој онака ми има слични ноти со белиот па нема многу да коментирам. Во трајноста ми се исти, траат до 2-3 часа ништо повеќе. Сепак убаво и лесно парфемче за пролетниот период. За другите ќе напишам некој друг ден. Да напоменам ова го пишувам според мојот вкус, без напаѓања. Сепак секој различен вкус си има за парфеми па има некои што му се свиѓаат а некои не од овие горе што ги напишав. Следни на листата за пробување ми се Luck, ќе морам да порачам едно парфемче да видам како ќе бидам задоволна од нив.
Aттracтion моментално ми нема конкуренција. Предобар е! Кој сака да го добие за 25 денари нека ми пише во порака.
јас овој го зедов за проба во мало шишенце и мн е добар и траен.Е сега се двоумам дали да го порачам повторно него или LUXE во златно издание?
Дали зборуваш за овој парфем? Читам и други искуства дека бил тежок, и навистина за вкусови не се дискутира, меѓутоа чудно ми е да ти се лоши до толку од мирисот- мене ми мириса баш на убаво, на чисто...
Па до душа и мене ми падна чудно бидејќи пред тоа многу ми се допаѓаше, изгледа брзо се заситив од него или мирисот ме потсеќал на нешто гадно.. што знам. Битно сега ми се лоши од него. Ама како што кажа, се' си зависи до вкусот кај човек, не бирам јас ете.