Сакам да нарачам Пур Бланка парфем, траен ли е? Се мислам околу плавиот (ако може асоцијација на што ве потсеќа )
@soffce јас го користам плавиот и презадволна сум. Имав убав, нежен, ненападен благ цветен мирис. Мене ми е преубав за овој период и има доста солидна трајност.
Не разбирам - Eve Elegance парфемот е всушност Femme во нова амбалажа?! Многу фино мириса и не е лоша ценава (659 мкд). Ми се допаѓа и Luck Limitless, не знам кој да го одберам.
во каталог е така објаснето. Може да има мали измени додатоци во парфемот,што знам. А тој luck limitless иима баш добар мирис,и со оглед дека е со поголем попуст со порачување на 2 парфеми luck јас би го одбрала него.
Avon Tomorrow го има пробано некој? Пишува:малина, јасмин, килибар.Го порачав на слепо баш заради малината, сега не знам што да очекувам.
На крај го нарачав пак Инкандесенс. Не ми се пропушташе акцијата за 279 денари. Лосион за тело, гел за туширање и 30мл шишенце. Not bad, ќе си го чувам парфемов за на есен, а Eve нека почека.
ми има некој овошен мирис. Не е јак ама е траен. Добар е за пролет за лето не препорачувам парфеми повеќе спрејчиња но не е лош за рано лето.
Би те замолила ако си претставник на Авон, сигурно го имаш и К10, па ако би сакала да ми сликаш понудите за парфемите и тоалетните води. Парфемот и т. вода ми се при крај, па да видам што понуди има.
Тој мирис мене ми е повеќе за есен/зима, топол мирис е и би гушел во летно време. Чувај си го за на есен
@marchi-cool ако веќе го имаш, објави барем јавно слики верувам дека и други има што сакаат да видат.