LBD, мене многу повеќе ми се допаѓа од Far Away. Малку е појак, но и потраен, а и повпечатлив. Зависи какви парфеми сакаш, ама мене искрено Far Away ме разочара, некако многу е блед. Во каталогот ми мирисаше поубаво.
Мене најмногу ми се допаѓа Little Black Dress, многу убав и впечатлив парфем, а за таа цена - машала, одлично трае. Можеш да видиш дали ќе ти се допадне Attraction, и некој од тие Today Tomorrow Always (не се сеќавам кој точно го имав, треба да проверам па да ти пишам). Други не ми текнуваат, ама LBD е навистина убав ако го одбереш него.
Incandessence е убав и јак парфем. Мене многу ми се свиѓа и Mesmerize Red, само што тој не ти е нешто многу јак.
Ги имам и двата ама гласам за литл блек дрес. Фар авеј мене лично ми е многу јак и нападен парфем, траен е ама не ми се допаѓа.
Ќе ви се вмешам во муабетот ама морам да го пофалам парфемот, одличен е и мирисот и трајноста. Кога и да го ставам на мене добивам комплименти.
Far Away Infinity ми е еден од омилените и потрајните. Фаворит засекогаш. Ги имам користено и attraction, златниот, luck limitless(мава на машки парфем, ама е траен, многу и е појак малце ама многу добар) LBD мене не ми е нешто, ми нема специфичен карактер, не би го препознала доколку го носи некој, а и на себе не си го познавам. Passion Dance - тотално зимски и убав, да ставиш малце повеќе и ќе трае подолго. Eve Confidence - Прекрасен е парфемов и се чувствува многу. Само жолтиот го имам пробано. Premier Luxe жолт - не е баш по мој вкус, специфичен мирис некој ама добар е, од тие што траат малку повеќе е. Rare Pearls - убав, еден од првите што сум ги пробала. Нежен ми е. Silky Soft Musk - одличен е за на пролет, иако се работи за тоалетна вода, некако според мирисот ми е микс од цвеќиња и ванила. Alpha - не знам колку време е поминато отколку го немам користено ама многу убав, многу... да го најдам на попуст и одма ќе го земам. Incadessence - Ретка утка ама голем минус е амбалажата во форма на елипса(многу малку течност, а е исто 50мл како и останатите парфеми). Можеби има исто и се троши долго(не ми е потрошен, слабо го прскам) Не е лош мирисот, би го препознала на друг ама да траеше повеќе, вака... Mesmerize Red - не сум го користела, но имам мириснато на друг и преку каталог, преубав парфем, ама зимски, не би го прскала на лето. Eve Duet - Мешавина од два парфеми, 25мл од едната и 25мл од другиот - виолетовиот ми е многу поубав ама ги мешам и двата, така ми е подобро. Far away rebel - Од far away поусовршена верзија. Подарок ми е и не ми е сѐ уште отворен, мислам дека ќе ми се допаѓа.
Ќе прашам и тука Rare Pearls или Rare Gold? Сакам појак, зимски мирис. Нешто и за Mesmerize black да ми кажете каков е ако некоја го има користено?
@IM.TMKQ jas go koristam rare pearls i sum mnogu zadovolna. Definitivno spored mene najubav parfem od avon i trajnosta mu e solidna za tie pari. Isto go imam i mesmerize black, od sisenceto realno i ne mi miriase nesto posebno ama koga ke go stavam na sebe defitivno ubav miris ima. Ako veke naracuvas rare pearls mnogu podobar izbor.
Rare pearls predobar parfem,traen,eleganten Go imam I mesmerize black ne e tolku traen,sepak e t.voda jas go koristam nego momentalno I soliden e P.s Mesmerize black mi mirisa dosta slicno so parfemot na Carolina Herrera good girl I dvata gi imam pa zatoa Eve to eksta informacija