Знам дека rare pearls е многу фален, ми се допадна мирисот во каталогот ама mesmerize black некако поспецифично и појако ми мирисаше, затоа се мислев кој од двата. Ама штом не е траен колку rare pearls, тогаш не би го одбрала. Фала на информацијата.
Дали некој го има користено и како сте задоволни? Вака во каталог убав мирис има но за трајност не знам. И за овој исто како сте задоволни Ај и за овој мислење?
Дали го има уште низ каталогот? Го имав пред 4 години, денес случајно го најдов шишето, ми врати убави спомени и би сакала да го купам пак.
Дали Today Tomorrow Always е подобар или Rare Pearls, во трајност, кој подобро мириса? И сакам да Ве прашам дали ги имате користено некој од овие парфеми да споделете мислење.
Девојки, ве замолувам, каде да го најдам пафемов, дали се уште постои во каталозиве на Авон, поупатените? Кажувајте начини, ќе полудам!
Го има, сега во новогодишниот има добра понуда. http://www.avoncosmetics.com.mk/PRS...campaign=17&year=18&index=01&zoom=0&type=core
Dreams е преубав, еден од моите омилени парфеми од Авон Земи го, нема да згрешиш, премногу комплименти имам добиено за него
Имам приметено дека парфемчињата како премиер лукс атракшн луцк тие од по 30мл мирисаат мноу послабо од нормалните тие што се по 50мл. Дали само мене ми се има случено така да не ми се исти парфемите.
Вајда ја сум обратна тогаш хаххаха. Фала на мислењето. Ги имам сите мали и големи пакувања па можда дека ги помешав и различно ми се чинеа.
Јас пак имав од 50мл, си реков ќе го земам и од 100мл, да ми трае подолго ама чувствувам разлика во мирисот. Не е лош но некоја поинаква нота има. За far way конкретно.
Jaс приметив вака по бојата на течноста внатре не ми се виде иста на големите пакувања ми беа некако по жолти а во малите по беа течност ајде де да речеш од стаклото е разликата ама не ми е верно. Сепак можам да кажам за премиер лукс мало пакување дека од пред два дена уште ми мириса јакната.
Eve duet дали е траен? Luck limitless исто дали е траен? И овој новиот Luminata дали некој го има пробано ?