Јас го користив прво eve duet и бев задоволна убаво ми мирисаа и траеа. Потоа го земав eve confidence и имам уште ептен малку во шишенцето и сите ми го пофалиле парфемот ама сама воопшто не се чуствувам дека мирисам на него, а сите викаат убаво мирисал. Можеби дека сум се навикнала, се на се добри се.
@M@ri@M@z преубав е Eve жолтиот, ич да не се мислиш. Многу е сличен со Attraction што го ставила феминкава над мене. Мене овие два заедно со today, tomorrow ми се најубавите парфеми од Авон.
Се сложувам со членката над мене. Еve жолтиот е нежен, има некоја блажина а воедно е и освежителен. Ново откритие мене ми е far away Rebel, сега него му се втилив, се презаситив од Eve i Tomorrow.
Rare Gold е навистина многу јак, еднаш прскаш и мириса со денови, ама тежок е зимски.Лично мене ми се допаѓа, но како што кажав многу е јак и тежок, доволно е само еднаш да прснеш.Rare pearls мене ми е сличен со Today - не знам за други, мене ми се слични но освежителен е и трае.
Некој коментар за тоалетната вода Surreal Sky? На кој мирис потсеќа, дали е трајна? Првпат ја забележав во овој каталог, а шишенцето ме привлекува
Некоја што работи со Авон, знае ли некогаш дали пак ќе го пуштат во продажба Treselle Mystique? Стално го гледам тој светлиот, во розевата верзија, ама овој никогаш. Може ли да се праша некаде?
“Rare pearls" ми е мошне впечатлив, би го ставила за на интервју или за време на работа. Но отсекогаш сум била по малку вљубена во “Incandessence“, тој ме воодушевува на повеќе начини, затоа што содржи повеќе од моите омилени цветови, а и многу е нежен.