Предлог некој сличен на Little Sequin Dress? Многу ми беше убав и летен, не можам веќе 2 години да го најдам по каталозите
Мене Incandessence и Little Black Dress ми се најтрајни, а и Far Away е многу траен, но мене ми е тежок, не ми се допаѓа мирисот.
јас го користев овој во оние мали шишенца од 10мл за секое време при рака. Ми траеше еден месец и залеваше кога и да прснев
Пролетно-летна варијанта, свеж и суптилен мирис ама воопшто не е траен. Додека се напрскаш и излезеш,за саат време - како ништо да не си ставил. Не би го препорачала
Rare flowers? Може неколку збора за него да кажете , сакам да го нарачам за другарка за поклон за роденден
@Kjara15 Rare Flowers Night Orchid е цветно-мускатов мирис. Главни мирисни ноти се: бергамот, грејпфрут, портокал и розов пипер; благо послаби ноти се: гарденија, црна орхидеја, јасмин, фрезија и момина солза, додека базата на парфемот е составена од: кедар, сандалово дрво, кашмир и мускат. Овој парфем е долготраен, но и силен, па според мене најдобро е да се одлучиш за некој полесен летен парфем. Rare Flowers е добар за во поладни сезони, но сепак е дневен парфем, па иако го купиш него другарка ти ќе може да го користи во летниве денови. Потсеќа на Dalimix Black од Salvador Dali.