Првиот Treselle е пролетен, цветен и нежен, женствен. Имам добиено многу комплименти за него. Вториот не знам како мириса.
Incandessence е потежок или посвеж парфем? Може да се користи за пролет,лето или е повеќе зимски? Иначее Little black dress,Perceive и Rare Amethyst ми се незаменливи,со години ги користамама потешки се тие А сега за овој период си го земав Viva la vita па сакав уште еден и се мислам за Incandessence
За мене е посвеж, летен, за преку ден, цветен, не многу силен. Јас сакам појаки мириси, овој онака е освежителен, не премногу впечатлив, секојдневен. Ако такви парфеми ти се по вкус, ќе ти се допадне.
Јас сум претставник во авон,па така имам пробано многу парфеми. Според мене во авон може да се најдат многу парфеми за сечиј вкус. Мене лично многу ми се свиѓат: Eve жолтиот,Eve duet со плаво и жолто,Eve зелениот,Luck,Atraction обичниот и црвениот,Treselle,Mesmerize red,Mesmerize black,Treselle,Far away Rebel,Maxime,TTA my everything,Encanto плавиот,Pur Blanca,Percieve. А не можам да ги поднесам овиеassion dance,Luxe,TTA Today,Far away првата верзија со црно капаче,Little Black dress,Rare pearls. Многу се тешки за мој вкус.
Што мислите за парфемот Eve Truth? Дали е за летен период и каков мирис има? И ако може препорачајте ми некој убав летен парфем
Да пролетно-летен е Eve Truth.Од лично искуство би ти ги препорачала Treselle,Pur Blanca,Perceive,Avon Collection новите парфеми особено Lila и Violeta,Celebre.Овие ми се повеќе за летен период,свежи и имаат трајност што искрено не верував за Celebre и Pur Blanca поради ниската цена,но се покажаа одлични.
Некој убав парфем од новата брошура (од утре што е)? Најважно ми е да трае повеќе часа, а не одма да избледи мирисот.
Attraction нема да згрешиш. Баш е есенски, а сега можеш да го носиш навечер додека траат горештиниве за денски е потежок малце но доколку немаш мака можеш да си го носиш и денски