Искрено да ти кажам не знам, го немам користено Eve, но другарка ми го имаше.. Јас не заприметив некоја сличност вака - на друг, да би го имала на мене можеби би можела да кажам. Во секој случај знам само дека од Eve не се многу трајни додека Attraction стварно се осеќа неколку часа.
Девојки, впечаток за Far Away Rebel? Oригиналниот Far Away ми е најголема љубов, совршенство од парфем. Незаменлив. Gold-от е исто добар, одличен наследник. Infinity ми е лајт варијатна која повеќе мириса на чисто отколку на далечна егзотика. Rebel според описот би бил баш мој тип на парфем па ме интересира: колку е траен?
Ми требаат два парфеми машки и женски кои имаат појак мирис и траат не за два-три часа мирисот да го снема
Што мислите за парфемот Attraction Sensation, убаво ли мириса, дали е летен или зимски, дали е траен?
Од женски можам да го препорачам Rare Gold. Ептен е јак,зимски и ептен е траен, прскаш еднаш и цел ден мириса.
Ако си фан на јаки мириси ти препорачувам. Јас не сум па дури на моменти ми се гади од што е толку благ.
Овие три ми се фаворит. Attraction го гористам веќе неколку години и многу е траен. Rare flowers night orchid исто така е малку појак и трае буквално цел ден. Eve confidence сега за прв пат го земав мириса слично како attraction, само што не е траен толку многу.
Здраво девојки! Ве молам за препорака за некој парфем на авон за овој период да е свеж, траен, впечатлив.
Денес го пробав и Percieve (не знам точно како се вика, тој синиот од круша). Одличен е и тој! Баш нежна нијанса има.